Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на вчерашниот ден спроведоа вонредна инспекциска контрола кај оператор со храна увозник на почетна формула за доенчиња, последователна формула за доенчиња и диететска храна за посебни медицински намени, за кои АХВ вчера, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија доби известување за пласиран небезбеден производ на македионскиот пазар. Станува збор за производот APTAMIL AR 2, ENG 24×400 g, серија 2027.01.02, во вкупна количина од 912 парчиња со потекло од Ирска
кај кој е утврдено присуство на Цереулид (cereulide), а како извор на контаминацијата,
во нотификацијата наведено е маслото ARA.
Со контролатата утврдено е дека целокупнатата увезена количина е дистрибуирана на пазарт во Македонија, односно, производот не е пронајден во магацините на увозникот и дека, како што и самиот оператор ја известил Агенцијата и јавноста, веќе се врши итно повлекување на дистрибуираните количини од овој производ од пазарот.
Апелираме до потрошувачите кои го имаат купено производот со наведениот лот и рок на употреба истиот да не го употребуваат, или да го вратат на местото каде што го купиле.
Во однос на повлекувањето на неколку брендови формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во повеќе европски земји, АХВ проверува дали тие се увезени во земјава, иако засега за нив нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија. Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и доколку се јави потреба
навремено ќе реагира со преземање на соодветни мерки за заштита на животот и здравјето на бебињата.
- Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
- Земјотрес ја погоди Црна Гора
- Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
- Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
- Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
- Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата
- Голем шверц на тутун на Миконос: Уапсени двајца патници со 6.000 кутии цигари
- Нова ерупција на Етна: Вулканот исфрли пепел висока четири километри

