Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    28.10.2026 во 11:57

    (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани

    28.10.2026 во 11:50

    Апсење во Гевгелија: Пронајдени марихуана и муниција при претрес на две локации

    28.10.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии
    • (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани
    • Апсење во Гевгелија: Пронајдени марихуана и муниција при претрес на две локации
    • Хоџа ги претстави петте модули од иницијативата „Зелен пресврт низ дигитализација“
    • Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија
    • Страшно невреме се заканува и на Турција
    • Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување
    • Барале стари лица, ги убивале па ги ограбувале: Тројца осомничени за две убиства во скопско Ѓорче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР ја објави листата на прекршоци: Колку ќе ве чини ако ве фати камерата на „Безбеден град“

    МВР ја објави листата на прекршоци: Колку ќе ве чини ако ве фати камерата на „Безбеден град“

    26.01.2026 во 16:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи ја објави листата на прекршоци кои се санкционираат преку системот „Безбеден град“, како и висината на предвидените глоби. Целта на овој проект е зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите.

    За пребрзо возење во населено место, казните се движат од 15 евра за надминување до 10 km/h, па сè до 300 евра и забрана за управување до една година за оние кои возат над 30 km/h од дозволеното. Надвор од населено место, казните се движат од 20 до 300 евра.

    Поминувањето на црвено светло чини 250 евра и губење на дозволата до една година. Непрописното паркирање на пешачки премини, тротоари или зелени површини ќе ги чини возачите од 25 до 180 евра, додека за нерегистрирано возило глобата достигнува 500 евра.

    Од МВР потсетуваат дека доколку казната се плати во рок од 8 дена, сумата се преполовува. Истото важи и за забраната за управување возило, која во тој случај се изрекува во половина од пропишаниот рок. „МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, за поголема лична и општа безбедност“, велат од министерството.

    Прочитај повеќе

    Филипче: После Нова Година не знам од каде ќе најдат пари за плати и пензии

    28.10.2026 во 11:57

    (ФОТО) Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер, студентите безбедно евакуирани

    28.10.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.