Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш.
Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
- Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
- Жена нападната од сопругот со кој се разведува
- Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
- Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
- Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
- Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
- Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
- Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец

