Author: Author 04

Поднесена е кривична пријава против гостиварец кој преку коментари напишани на објава на медиум социјалните мрежи ширел омраза, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(46) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, посочуваат од Министерството. Како што информормираат од МВР, на 18.11.2025 на објава од медиум на социјална мрежа, пријавениот од негов профил напишал коментари со кои ширел омраза.

Повеќе

Вчера од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција преземени се оперативно тактички мерки за расчистување на претходно сторени кривични дела Измама во врска со лажни сообраќајни незгоди, при што лишен од слобода е П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. До ОЈО Штип поднесена е кривична пријава по итна постапка, а по предлог на ОЈО Штип…

Повеќе

На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија. На 04.02.2026 во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки и по извршени проверки е констатирано дека…

Повеќе

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја. Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На сметката на градот имало само осум милиони денари реално расположливи средства, додека истиот ден чекале извршни решенија од 48 милиони денари. „Наместо да се жалиме, засукавме ракави и почнавме да…

Повеќе

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го презентираше предлог-законот за зголемување на минималната плата на 37.000 денари (600 евра), нагласувајќи дека власта има доволно пари во Буџетот доколку ги скрати трошоците за сопствен комфор. Според Филипче, за оваа мерка се потребни околу 120 милиони евра, сума која лесно може да се обезбеди од ставките за стоки, услуги и репрезентации. Филипче посочи дека синдикалната кошничка веќе надминува 66.000 денари и дека работниците не можат да го преживеат месецот додека цените неконтролирано растат. „Не може да има пари само за луксузирање, нови коли, мебел и репрезентации за функционерите, а работниците да страдаат.…

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати сериозни обвинувања до СДСМ и поранешниот министер Оливер Спасовски, тврдејќи дека лица вклучени во нивната кампања организираат протести против проектот „Безбеден град“. Според Петрушевски, овие лица јавно повикувале на насилство и линч врз полициски службеници. Петрушевски посочи дека протестите се насочени против мерките кои треба да спречат возење без возачка дозвола и нерегистрирани возила. Тој потсети дека СДСМ и Спасовски во Собранието гласаа против овој проект. „Јавно ги прашуваме СДС и Оливер Спасовски, дали ќе се дистанцираат од овие протести и од лицата кои повикуваа на јавен линч? Дали сметаат дека е прифатливо…

Повеќе

Вчера во 01 часот, во ОВР Дебар лишени од слобода се А.Љ.(24) и А.Љ.(29), двајцата од Дебар, поради извршено кривично дело „насилство“ врз пет лица во близина на Дебар и поради тоа што нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејства. По целосно документирање на настанот, против нив, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Повеќе

Српската полиција, во соработка со БИА и Вишото јавно обвинителство, го уапси 31-годишниот С.М. под сомнение дека учествувал во бомбашкиот напад врз куќата на легендарниот пејач Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, потврди дека истрагата продолжува и интензивно се трага по второто осомничено лице. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 3 февруари, кога напаѓачите активирале и фрлиле рачна граната во дворот на семејниот дом. Иако е предизвикана материјална штета, за среќа нема повредени. Чолиќ во тоа време се наоѓал во Загреб поради работни обврски. „Постојат основани сомневања дека С.М., заедно со друго…

Повеќе

Британската агенција за здравствена безбедност (UKHSA) потврди дека најмалку 36 бебиња развиле симптоми на труење по консумација на адаптирано млеко кое содржи опасен токсин. Ова доаѓа по масовното повлекување на повеќе од 60 серии од производите на „Nestlé“ и „Aptamil“, поради присуство на цереулид – токсин кој предизвикува повраќање и дијареја кај доенчињата. Истрагата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA) откри дека изворот на контаминацијата е маслото од арахидонска киселина (ARA), клучна состојка која доаѓа од заеднички снабдувач на двете светски компании. „Најновата серија што треба да се повлече се однесува на пакувања од 800 грама од формулата SMA…

Повеќе

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и неговата делегација доживеаја сообраќаен инцидент на патот кон аеродромот во Ријад, кога на еден од минибусите му пукна гума. Иако возилото сериозно се оштетило, благодарение на присебноста на возачот, никој не е повреден и е избегнат судир со други возила. Инцидентот се случил на помалку од три километри пред аеродромот во саудиската престолнина. Додека членовите на делегацијата чекаа превоз, канцеларот Мерц ги чекаше своите соработници во владиниот „Ербас“, по што патувањето продолжи со минимално задоцнување од 15 минути. „Во време на глобални економски превирања, Германија и Катар свесно се потпираат на дијалог и инвестиции во…

Повеќе