- Јаневска ги отфрли обвинувањата за „Стив Наумов“: Студентите престојуваат во современ објект, дефектите ќе се отстранат
- Николовски: Владата го одби амандманот на СДСМ за дополнителни милијарда денари за земјоделците
- Димитриеска Кочоска го презентираше Буџетот за 2027
- Дебар: Три деца начекале незаклучен автомобил со клуч на брава, па го украле
- Утре 7 часа ќе нема струја – најавени исклучувања во повеќе населени места
- Го отрула семејството на ручек – Судот и ја изрече најстрогата казна
- Организирале протести преку Телеграм, повикувале на грабежи и вандализам – апсења во Шпанија
- Две кражби во Велес, еден осомничен: Пронајдено дел од украденото
Author: Author 04
Гигантот од Кавадарци, „Golden Eagle“ (поранешно ФЕНИ), повторно ги отвора вратите за работниците. Како што соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, рестартирањето на фабриката ќе се одвива во две фази, со што се решава егзистенцијата на стотици семејства во регионот. Според планот, во првата фаза на работа ќе се вратат 170 работници, додека во втората фаза ќе бидат вклучени дополнителни 500 лица. „Во април е планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ќе бидат ставени во функција. Оваа фабрика повторно се активира за доброто на граѓаните и локалниот економски развој“, истакна Јанчев. Градоначалникот упати благодарност за успешната…
Пратеничката група на СДСМ денеска во Собранието го поднесе предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата. Од СДСМ велат дека во согласност со потребите на работниците и барањата на синдикатите, со измените вистината на минималната плата се одредува на 36.960 денари, односно 600 евра. Во образложението се наведува дека во текот на 2025 година е евидентиран континуиран пораст на инфлацијата, при што индексот на трошоците на живот бележи значително зголемување. Особено кај основните прехранбени производи, енергентите, комуналните услуги и здравствените трошоци, кои имаат директно и најсилно влијание врз месечните трошоци на домаќинствата. – Поскапувањата кај храната и…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска најави дека наставниците ќе добијат покачување на платите согласно четиригодишниот договор со СОНК. Првиот бран на зголемување граѓаните ќе го почувствуваат веќе со исплатата на мартовската плата. „Така како што сме се договориле, наставниците ќе добиваат зголемување на платата во сите четири години. Мартовската плата, која се исплаќа во април, ќе биде покачена за 7,5 проценти“, изјави Јаневска. Покрај платите, министерката најави дека од понеделник на националниот регистар на прописи (ЕНЕР) ќе бидат поставени три клучни закони кои треба да го трансформираат високото образование и научноистражувачката дејност во државата.
По македонските транспортери, и нивните колеги од Србија официјално потврдија дека го прекинуваат протестот. Ова значи дека од попладнево е воспоставена целосна проодност на сите клучни патни правци и гранични премини во регионот кои беа под блокада во изминатите пет дена. Од здружението „Макам-транс“ ги известија своите членки дека товарниот сообраќај веќе се одвива без застој. „Ве известуваме дека и српските превозници денес, 30.01.2026 година, со почеток од 15:00 часот официјално го прекинуваат протестот и се продолжува со нормално одвивање на товарниот сообраќај“, стои во соопштението. Официјалното известување од здружението на превозници од Србија може да го видите на следниот…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази уверување дека проблемот со македонските транспортери и нивниот престој во Шенген-зоната ќе биде надминат по претстојниот состанок во Брисел на 3 февруари. Тој нагласи дека заедничката дипломатска офанзива на земјите од Западен Балкан го принудила Брисел да го препознае проблемот како сериозен. „Важно е дека има неколку можни решенија и очекувам да се катализира решение со кое ќе се надмине овој проблем. Решението се наѕира и очекувам следниот месец работата да биде завршена“, изјави Мицкоски по промоцијата на „Еразмус+“ приоритетите. Премиерот појасни дека по транспортерите, следен предизвик за дипломатијата се квотите за челик, но порача…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа каков е планот за набавка на најавените нови еколошки автобуси, изјави: „Па ние на владина седница донесовме одлука, во рамките на „Влада со Влада“ договорот којшто го имаме со Унгарија. Дел ќе биде кредит, под оние исти услови коишто ги имавме и во претходниот случај, односно 3 години грејс период, дополнителни 12 години отплата, значи 15 години со истата каматна стапка. Градот Скопје во претходна анкета побара 250 вакви автобуси, за него ќе бидат отстапени 100, со 50 полначи, а останатите општини коишто…
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја одржа втората седница на Управниот одбор во новиот состав. На состанокот беше испратена силна порака за единство и деполитизација на локалната самоуправа со цел поефикасно решавање на проблемите на граѓаните. Особена чест ни беше присуството на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој го презентираше надградениот софтвер за управување со човечки ресурси, сега поставен како единствен информативен центар за целата администрација, рече Ѓорѓиевски. „Со ова решение, ќе се воспостави современ и функционален модел за собирање и управување со податоци за сите вработени, што претставува сериозен исчекор кон поефикасна,…
Јавното сообраќајно претпријатие-СКОПЈЕ, Ве потсетува, дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на град Скопје од 2015 год. (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот- НЕ ВАЖАТ за користење на ноќни линии. Воедно, ЈСП информира дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии. Користењето…
На самиот ден на стапување во сила на законскиот пакет „Safe City“, Алијансата за Албанците (крилото на Таравари) поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на овие решенија. Партијата смета дека законите се дискриминаторски бидејќи не се применуваат подеднакво на целата територија на државата. Адвокатот Абидин Абдули, ангажиран од партијата, истакна дека целта е секој закон да важи за сите граѓани во секој дел од Република Северна Македонија. „Како што најавија нашите пратеници од собраниската говорница, законите од пакетот ‘Safe City’ ќе бидат оспорени пред Уставниот суд на денот на нивното стапување во сила. Овие иницијативи ги поднесовме со цел…
Европската комисија закажа итен состанок за следната недела со министрите од шесте земји од Западен Балкан, со цел да се најде решение за проблемите на транспортните оператори кои деновиве ги блокираа границите кон ЕУ. Портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт, денеска потврди дека Брисел бара „прагматични решенија“ за возачите на камиони. Според Ламерт, Комисијата веќе размислува за воведување на ново законодавство кое би овозможило специфични правила за престој на одредени професии, како што се превозниците, спортистите и уметниците. „Свесни сме за загриженоста на операторите од Западен Балкан и внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе се разгледа воведување ново законодавство со специфичен сет…
