Author: Author 04

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р.(41) од Струмица, поради постоење на основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од КЗ. Пријавениот во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциска сметка на ловечкото друштво на која воедно бил и овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе, без за тоа да има соодветна оправданост или сметководствено покритие. Со таквите дејствија Д.Р. прибавил…

Повеќе

АМСМ упати аларм до возачите кои утрово се движат на патната деница Тетово – Гостивар, каде поради густа магла видливоста е намалена на критични 70 метри. Дополнително, сообраќајни проблеми има и во источниот дел на земјата. На патниот правец Берово – Струмица, кај селото Ратево, се случи поголем одрон. Сообраќајот на ова место се одвива по девијација, додека екипите работат на терен. „На делницата кај с. Ратево сообраќајот се одвива по девијација во должина од 50 метри. На останатите патишта коловозите се претежно влажни“, информираат од АМСМ.

Повеќе

Овен Денес чувствувате силна потреба да се поврзете со домот, семејството или сопствениот внатрешен мир. Наместо вообичаената постојана акција, вашиот фокус природно се префрла кон емоционалната стабилност. Ѕвездите велат дека кога ќе си дозволите да забавите, многу решенија ќе дојдат сами по себе. Вашиот оптимизам денес не извира од движењето напред, туку од длабокото чувство дека конечно сте на вистинското место. Бик Разговорите и блиските контакти денес ви носат неочекувано охрабрување. Можеби ќе слушнете нешто што целосно ќе ви ја врати вербата или ќе ви помогне да ја согледате моменталната ситуација од многу поширок агол. Ова е идеален момент да…

Повеќе

Македонија денеска е под влијание на променлива облачност која носи локални врнежи од дожд, додека на планините и повисоките места ќе има услови за снег. Во Скопје се очекува облачно време со повремен слаб дожд и максимална температура до 10 степени. Утринските температури во земјава се движат меѓу 3 и 8 степени, а дневните ќе достигнат максимум до 13 степени. „Вистинската промена доаѓа во недела, кога се очекуваат пообилни врнежи кои ќе почнат да преминуваат во снег и во некои од пониските места“, најавуваат метеоролозите.

Повеќе

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, порача дека Москва нема информации за деталите од безбедносните гаранции кои наводно ги договориле Вашингтон и Киев. Лавров, во изјава за ТАСС, истакна дека Русија нема да се потпира на јавни манифестации, туку ќе бара конкретни и суштински предлози на преговарачката маса. Шефот на руската дипломатија упати остри критики до властите во Киев, нарекувајќи ги нивните политики „русофобни и неонацистички“. „Не знаеме за какви гаранции се договориле, но судејќи по сè, станува збор за заштита на режимот кој води неонацистичка политика. Нема да се ориентираме според јавните игри“, истакна Лавров.

Повеќе

Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ попладнево донесе одлука за прекин на протестите на сите гранични премини низ државата. По добивањето на официјалната потврда од министерот за транспорт, Александар Николоски, дека Европската комисија ќе донесе нова стратегија за визи, возачите решија да ги повлечат камионите. Блокадите на премини како Богородица, Блаце, Ќафасан и Деве Баир, кои траеја четири дена, завршуваат вечерва точно во 20:00 часот, со што сообраќајот за влез и излез од државата ќе се нормализира. „Бидејќи е добиена потврдата која ја очекувавме за промените, Ве информираме дека протестот ќе биде ПРЕКИНАТ. Заедништвото и истрајноста дадоа резултати“, соопштија од „Макам-транс“.

Повеќе

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска излезе со дециден демант по информацијата дека Финансиската полиција поднела кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба. Бислимоски тврди дека сите постапки за одземање на лиценци се водени строго според Законот за енергетика и дека во РКЕ не постоеле „привилегирани играчи“. Тој порача дека е подготвен да го докаже својот интегритет и дека ќе ги стави на располагање сите информации до обвинителството. „Нема да дозволам на ниту еден начин, имајќи предвид дека сум и татко, и сопруг, и брат, и пријател, да биде извалкано моето име. Цврсто…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините со организиран јавен превоз, со што посебно за Скопје заедно со другите проекти како Градски воз, БРТ и когенерацијата драстично ќе се намали аерозагадувањето. „Она кое што можеме ние како влада да го направиме е да обезбедиме транспорт за општините, онаму каде има организиран, којшто ќе биде еколошки. И токму таа е целта на набавка на овие 150 еколошки автобуси коишто се на електричен погон, користат исклучиво енергетско напојување кое за животната средина…

Повеќе

Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска, денеска информираше дека веќе две недели по ред се бележи намалување на бројот на заболени од грип. Иако бројките паѓаат за 17,2% во споредба со минатата недела, д-р Андоновска предупредува дека е прерано за опуштање бидејќи минатата сезона вирусот имаше два пика. Досега, оваа сезона официјално се регистрирани три смртни случаи поврзани со компликации од грип. „Можеби ова е првиот, а можеби и последниот пик, но тоа не значи дека нема да има ново зголемување. Во моментов имаме среден интензитет на активност на вирусот“, истакна Андоновска.

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.П.(33) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“, информираа од МВР. На 23.01.2026, пријавениот не почитувал наредба да застане со возилото кое го управувал, а откако бил запрен, физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Повеќе