Author: Author 04

Денеска во Домот на Армијата во Скопје се реализираше реферирање за борбената готовност на Армијата за 2025 година пред претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, на кое присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски и генералите во Армијата. Во рамки на реферирањето, кое го одржа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, претседателката Сиљановска-Давкова се запозна со реализираните задачи и достигнувања на Армијата во 2025 година, според следните области: персонал, обука и вежби, опрема и инфраструктура, воено планирање и структура на силите, модернизација и опремување, како и буџет и финансии. Генералот Лафчиски потенцираше дека Армијата е…

Повеќе

По четири дена блокади на граничните премини кон Шенген-зоната, стигнаа првите сигнали за решение од срцето на Европа. Европската комисија денеска ја усвои новата стратегија за визи која конечно ги препознава возачите на камиони како „професионалци“ и нуди поголема флексибилност за нивниот престој во ЕУ. Вицепремиерот Александар Николоски преку социјалните мрежи ја потврди веста, нарекувајќи ја „одлична“ за македонската економија. Потпретседателката на ЕК, Хена Виркунен, истакна дека иако правилата од 90 дена остануваат, во рамките на новата стратегија се работи на олеснувања за специфични професии како што се возачите, уметниците и спортистите. „Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.

Повеќе

Вчера во 13:53 часот во СВР Штип 72-годишна жена од Штип пријави дека од едно лице била измамена за 2.600 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници. Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, која упати три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање кое го постави пратеничката Кузманоска беше за Законот за прекршоци, односно за проектот Безбеден град, во однос на тоа кој е ставот на претседателот за постапката на Зијадин Села за оспорување на законот и тврдењата дека е дискриминаторски, притоа пратеничката потенцираше дека проектот нема етничка, верска и политичка димензија и е од суштинско значење за безбедноста на граѓаните и воведување ред согласно европските стандарди. „Најпрво сакам да се осврнам на Законот…

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, пред малку преку социјалните мрежи сподели ексклузивна вест која значи спас за македонскиот транспортен сектор. По интензивната дипломатска офанзива и притисокот од Скопје, Брисел попушти – возачите на камиони конечно ќе добијат специјален статус.Само што добив ОДЛИЧНИ вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како ПРОФЕСИОНАЛЦИ. Тоа е тоа што го баравме, напиша Николоски. „После протестите и силната офанзива изминатиот период Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи. Во…

Повеќе

Вчера полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

Повеќе

Новата визна стратегија на Европската Унија ќе им помогне на транспортерите од Западен Балкан, изјави денес извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, и рече дека ЕУ сака да обезбеди пофлексибилни правила за прекуграничните работници. Одговарајќи на прашање од новинар, Виркунен истакна дека проблемите на возачите од Западен Балкан се познати на Комисијата и дека новата визна стратегија предвидува одредена флексибилност, но дека безбедноста на границите останува приоритет. „Системот за влез и излез (СВИ) не воведува нови барања за краткорочни престои во Шенген“, рече Виркунен. Таа истакна дека возачите кои ја преминуваат границата секојдневно…

Повеќе

Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари. „Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар“, рече Герасимовски. Право на поддршката ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова. Со оваа одлука, локалната самоуправа уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.

Повеќе

Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање. “ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а…

Повеќе