- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
Author: Author 04
Утре (31.01.2026), со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“, во продолжение по ул.„Васил Главинов“, лево по ул.„Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје, соопшти МВР.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите…
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи упати честитка до својот син по повод неговиот роденден и именден на празникот Свети Антониј Велики. Во објавата, Мицкоски изрази жалење што поради државните обврски често отсуствува од семејните прослави. Среќен именден и роденден синко! Напомош нека е денешниот празник Св. Антониј Велики.„Жалам што не бев присутен кај бато, на Св. Јован и што понекогаш кога ви требам не сум тука, но честа да се бориме како семејство за Македонија нема димензија. Да бидете со бато секогаш сложни, здрави и среќни и тогаш знам дека сами ќе постигнете многу за семејството и за Македонија.…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини за секоја земја која директно или индиректно ја снабдува Куба со нафта. Со овој потег, Вашингтон дополнително го засилува притисокот врз комунистичката власт во Хавана, која веќе се соочува со сериозен недостиг на енергенси. Трамп изјави дека мерката е донесена за да се заштитат американската „национална безбедност и надворешна политика од малигните дејствија и политики на кубанскиот режим“. Иако не прецизираше кои земји ќе бидат први на удар, наредбата овозможува воведување на т.н. „ad valorem“ давачки врз сите производи кои доаѓаат од државите-добавувачи. Американскиот претседател деновиве упати…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, упати јавна поддршка за идејата неговата позиција во иднина да ја преземе жена. На традиционалната новогодишна прес-конференција во Њујорк, тој истакна дека светската организација е подготвена за ваков чекор. „Мислам дека очигледно е време за Обединетите нации да имаат жена на своето чело. Немам никаков сомнеж во тоа“, изјави Гутереш. Актуелниот шеф на ОН, кој е на функција од 2017 година, својот втор мандат го завршува кон крајот на 2026 година. Во историјата на ОН, највисоката функција досега никогаш не ја извршувала жена. „Вистината е дека, без разлика дали во Обединетите нации или…
Од ЕВН Македонија информираат дека поради технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини. Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, прекин во снабдувањето ќе имаат дел од жителите на улица „Македонско Косовска Бригада“ (спрема подвозникот кај Визбегово), како и дел од корисниците од улица „Индира Ганди“, лоцирани покрај пругата кај подвозникот во општина Шуто Оризари. Во општина Карпош, во периодот од 09.00 до 15.30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Фјодор Достоевски“.
Советот на Град Скопје на вчерашната седница именуваше 117 вршители на должност членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија и установи. Одлуката беше донесена по бурна расправа, бидејќи советниците гласаа без да имаат увид во професионалната подготвеност и образованието на кандидатите. Координаторката на СДСМ, Катерина Цаневска Арсовска, упати остри критики за овој начин на работа, посочувајќи дека се гласало само врз основа на имиња. „Треба да гласаме за 117 членови на управни и надзорни одбори, а ние не знаеме кои се тие луѓе, освен нивните имиња. Не бараме матични броеви или број на кондури, туку информации за тоа…
Православните верници денес го чествуваат споменот на Свети Антониј Велики, кој се смета за татко на монаштвото и еден од најзначајните подвижници во христијанската историја. Роден околу 250 година во Египет, Антониј по смртта на своите богати родители го раздал имотот на сиромасите и се повлекол во пустина. Повеќе од дваесет години поминал во целосна изолација на брегот на Црвеното Море. Неговото упорство во молитвата и трпението при искушенијата му донеле светска слава, по што околу него се собрале бројни ученици. Иако не поседувал формално образование, Свети Антониј станал советник на најучените луѓе на своето време. Забележано е дека при…
Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години на штета на работниците или раст од над 10.000 денари за само две години од денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците. Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања. ССМ предводен од Слободан Трендафилов и гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од…
Имаме чувство дека Мицкоски ги поставува обвинителите и јавно им дели задачи, велат од СДСМ. „Вчерашното излагање во Собранието може да се разбере како притисок врз Обвинителството, што е за секоја осуда, но, ако се има предвид кој го смени обивнителот и кој сака обвинител под своја контрола сѐ е јасно. Со промена на обвинителот и планираниот избор на обвинител под своја контрола, власта го погреба правосудниот систем за да се спаси од одговорност за криминалните тендери, но и да им дели задачи што и како да работат. Ова е дел од планираното сценарио во рамки на црната кампања на…
Иако Европската комисија официјално ја објави новата визна стратегија која е во полза на камионџиите, блокадите на Балканот само делумно се повлекуваат. Додека македонските превозници преку „Макам-транс“ и нивните колеги од Црна Гора од синоќа ги пропуштаат возилата, транспортерите од Србија и Босна и Херцеговина влегуваат во петтиот ден на тотална блокада. Српските превозници, иако задоволни од понуденото решение на ЕУ, сметаат дека има уште многу нејаснотии кои треба да се прецизираат пред да се тргнат камионите од терминалите. „Задоволни сме од стратегијата која предвидува специфични правила за подолг престој на професионалците, но сè уште има проблеми што треба да…
