Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на ССМ на чело со Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години 

    ВМРО-ДПМНЕ: Одлуките на ССМ на чело со Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години 

    30.01.2026 во 09:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одлуките на ССМ на чело со Слободан Трендафилов го спречија растот на платите за 40% во следните 2 години на штета на работниците или раст од над 10.000 денари за само две години од денес, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

    Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.

    ССМ предводен од Слободан Трендафилов и гранковиот синдикат УПОЗ, предводен од Трпе Деаноски го одбиле предлогот од Владата каде минималната плата ќе изнесувала минимум 36.000 денари за административните службеници во 2028 година.

    Поради политичките игри на Слободан Трендафилов, Трпе Деаноски и Иван Пешевски работниците се оштетени за 600 евра минимална плата во 2028 година. Ова е доказ дека ССМ го става политичкиот интерес пред интересот на работниците.

    Иван Пешевски додека се претставува како загрижен синдикалец дебело профитира заедно со Трендафилов.

    Додека глумат загрижени синдикалци платата на Пешевски е 3 пати поголема од минималната.

    Поддршката од СДС и Левица ја покажува вистинската агенда на ССМ каде што ги ставаат политичките интереси пред интересите на работниците.

    Наместо да ги застапуваат граѓаните, синдикатите предводени од Трендафилов и Деаноски ја жртвуваат минималната плата за да ги следат политичките мотиви и политичката линија на СДС и Левица.

    Работниците заслужуваат синдикати што ги штитат работничките интереси а не што ги продаваат за политички интереси на поединци.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи во интерес на работниците и сите граѓани, за повисоки плати и подобар животен стандард“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.