- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
Author: Author 04
Кремљ денеска официјално потврди дека Русија ќе се воздржи од напади врз Украина во следниот период, прифаќајќи го барањето на американскиот претседател Доналд Трамп. Портпаролот Дмитриј Песков истакна дека оваа одлука е донесена со цел да се отвори простор за мировни преговори. „Москва се согласи на барањето на претседателот на САД, Доналд Трамп, да се воздржи од напади врз Украина до 1 февруари за да се создадат поволни услови за преговори. Зборуваме за создавање поволни услови за преговори. Да, секако, постоеше личен апел од претседателот Трамп“, соопшти Песков. Претседателот Трамп претходно откри дека лично го замолил Владимир Путин да ги…
Арктичкиот бран што ги зафати Соединетите Американски Држави од Тексас до Њу Џерси однесе најмалку 85 животи, потврдија локалните власти. Половина од смртните случаи се регистрирани во Тенеси, Мисисипи и Луизијана, а најчести причини се хипотермија и труење со јаглероден моноксид поради небезбедни грејни тела. Ситуацијата е критична во областите каде што повеќе од 230.000 домови останаа без електрична енергија. Мисисипи и Тенеси се најпогодени со речиси 87.000 корисници во мрак во секоја од државите. Метеоролозите предупредуваат дека екстремниот студ нема да попушти. „Арктичкиот воздух што се движи кон југоисток денеска ќе предизвика пад на веќе ледените температури до минус…
Американскиот претседател Доналд Трамп, заедно со неговите синови Доналд помладиот и Ерик, поднесоа масовна тужба против Министерството за финансии и Даночната управа (ИРС). Трамп бара отштета од 10 милијарди долари поради објавувањето на неговите даночни пријави во медиумите во текот на 2019 и 2020 година. Во тужбата поднесена во федералниот суд во Мајами, се тврди дека државните агенции не презеле соодветни мерки за да го спречат протекувањето на информациите до, како што се наведува, „левичарски медиуми“. Како главен виновник е посочен поранешниот вработен во ИРС, Чарлс Литлџон. Тужителите истакнуваат дека објавените податоци во „Њујорк Тајмс“ нанеле трајни последици врз нивната…
„Денеска, заедно со локалната самоуправа, директорот на Јавното комунално претпријатие и Сојузот на одгледувачи на овци, сме во посета кај фармерот Никола, кај кого, за жал, за време на обилните дождови го загуби своето стадо на овци и јагниња“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Во рамки на мојата посета и во разговорот со Никола, неколку работи беа посочени, а тоа е дека Општината веќе на вчерашната седница има формирано комисија за процена на штети од невремето што се случи. Комисијата е составена и од претставници од Министерството, ќе направат проценка во делот на оштетување на неговиот…
Времето утре прменливо облачно со повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд.Следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места.
Рускиот нафтен гигант Лукоил се согласи да ги продаде сите свои странски средства на американска инвестициска компанија во договор вреден околу 22 милијарди долари, што е јасен знак дека санкциите што ги воведе администрацијата на Трамп против Москва имаат влијание, објавува Newsweek. Продажбата доаѓа во време кога Лукоил се соочува со осакатувачки санкции од САД, а аналитичарите велат дека овој потег би можел да биде голем економски удар за Кремљ. Лукоил, најголемата приватна компанија во Русија според приходите, со години се одликува со своето силно меѓународно присуство. За разлика од државните енергетски гиганти како Роснефт, Лукоил инвестираше многу во странство…
Денес, Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со Амбасадорот на Република Унгарија, Андраш Клајн. На двостраната средба, министерот Сали се фокусираше на процесот на евроинтеграции, со посебен акцент на забрзаната динамика на реформите и решителноста на Република Северна Македонија да стане дел од Европската Унија. Тој ја истакна важноста на континуираната поддршка од земјите членки на ЕУ, особено од Унгарија, како значаен партнер во овој процес. Од своја страна, амбасадорот Клајн ја потврди поддршката на Унгарија за европските аспирации на Северна Македонија и изрази подготвеност за унапредување на билатералната соработка во области од заеднички…
Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера во Гостивар, кога автомобил удрил во 13-годишно девојче, по што возачот веднаш го напуштил местото на настанот. Несреќата се случила на улицата „Павле Аврамоски“ околу 12:30 часот. Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, потврди дека малолетничката се здобила со сериозни повреди. „Возило удрило во 13-годишна малолетничка од Гостивар, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Општа болница Гостивар“, информира Реџепи. Екипа од ОВР Гостивар веќе извршила увид на местото на настанот. Полицијата презема интензивни мерки за идентификација на возилото и…
Министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија го зајакнаа билатералниот дијалог и професионалната соработка со потпишување на Меморандум за разбирање за борба против транснационалниот криминал и за развивање на полициска соработка. Меморандумот има за цел зајакнување на билатералната соработка преку споделување информации, спроведување координирани полициски операции, како и преку соработка во областа на градење капацитети и професионален развој. Посебен акцент се става на справување со сложените форми на транснационален криминал, вклучително и тероризмот, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, кибер криминалот, перењето пари, транснационалниот економски криминал, недозволената трговија со оружје и други приоритетни криминални закани…
Руската престолнина Москва се соочува со историски снежни врнежи откако денеска беше измерена висина на снегот од 61 сантиметар. Со ова е надминат досегашниот рекорд поставен во 1994 година, кога максималните наноси изнесуваа токму 61 сантиметар. Евгениј Тишковец, водечки експерт од метеоролошкиот центар „Фобос“, за „РИА Новости“ потврди дека нивото на снег продолжува да расте поради непрекинатите врнежи. „Според референтната метеоролошка станица ВДНХ, како резултат на непрекинатото паѓање снег, неговото ниво порасна на 61 сантиметар, што претставува зголемување од три сантиметри за 24 часа“, изјави Тишковец. Според неговите податоци, во одредени делови на градот состојбата е уште подраматична. Во центарот…
