Close Menu
Press24
    Најново

    Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје

    22.11.2026 во 15:34

    Нов инцидент поради кравите во Крива Паланка: Три девојки нападнале 67-годишна жена

    22.11.2026 во 14:31

    Алармантно: Дури девет одвоени случаи на семејно насилство – мажи тепале сопруги, бивши, родители и малолетни деца

    22.11.2026 во 14:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје
    • Нов инцидент поради кравите во Крива Паланка: Три девојки нападнале 67-годишна жена
    • Алармантно: Дури девет одвоени случаи на семејно насилство – мажи тепале сопруги, бивши, родители и малолетни деца
    • Го малтретирал сопственото дете, а го нападнал и со стаклен предмет: Кривична пријава за делчевец
    • Рама: Албанија никогаш нема да го попречува европскиот пат на Северна Македонија
    • Муцунски утре во Атина на состанок на „Пријатели на Западен Балкан“
    • Шестмина возачи лишени од слобода во текот на ноќта
    • Се трага по исчезнато лице во Гостивар, се пребарува и реката Вардар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Австралија ги здружуваат силите: Потпишан Меморандум за борба против транснационалниот криминал

    Македонија и Австралија ги здружуваат силите: Потпишан Меморандум за борба против транснационалниот криминал

    30.01.2026 во 11:301 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија го зајакнаа билатералниот дијалог и професионалната соработка со потпишување на Меморандум за разбирање за борба против транснационалниот криминал и за развивање на полициска соработка.

    Меморандумот има за цел зајакнување на билатералната соработка преку споделување информации, спроведување координирани полициски операции, како и преку соработка во областа на градење капацитети и професионален развој. Посебен акцент се става на справување со сложените форми на транснационален криминал, вклучително и тероризмот, нелегалната трговија со дрога, трговијата со луѓе, кибер криминалот, перењето пари, транснационалниот економски криминал, недозволената трговија со оружје и други приоритетни криминални закани од заемен интерес.

    Меморандумот е договорен со цел да ја продлабочи соработката помеѓу двете полициски служби, со почитување на националните законодавства и меѓународните обврски на двете држави. Истиот претставува значаен чекор кон зајакнување на институционалните врски, ефективно справување со сложените форми на криминал и обезбедување повисоко ниво на безбедност за граѓаните на двете земји.

    Меморандумот се надоврзува на претходните форми на соработка и поттикнува уште поинтензивен дијалог и размена на искуства меѓу министерството за внатрешни работи и Сојузната полиција на Комонвелтот на Австралија.

    Прочитај повеќе

    Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје

    22.11.2026 во 15:34

    Нов инцидент поради кравите во Крива Паланка: Три девојки нападнале 67-годишна жена

    22.11.2026 во 14:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.