- Повреден е режисерот Мајкл Ман, случајно си пукал во нога
- Туск го обвини Навроцки за блокирање на Уставниот суд
- Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате
- Спасени десет лица во поплавите на грчките острови Самос и Родос
- Забрана за телефони во училиштата во Мексико: Родителите стравуваат за безбедноста на децата поради криминалните банди
- Тројца битолчани пријавени за насилство врз дете – нападнале татко и неговите три малолетни деца
- Европска комисија: Сајбернападите врз фрижидерите во супермаркетите ја нагласуваат растечката закана
- Да бидеме хумани даму помогнеме на Стефан да се врати кај својот едногодишен син
Author: Author 04
Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на Светскиот самит на владите во Дубаи. Во обраќањето на тема „Законодавството како овозможувач на владеењето на правото“ таа посочи дека наместо да се потпираме на институционален илузионизам и да веруваме дека совршен закон на хартија е крајот на патот, треба да се фокусираме на напорна работа во годините пред нас – да изградиме институции што дишат, што се адаптираат и што им…
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. Имајќи ја во вид природата на наводите, кои вклучуваат обработка, замрзнување и меѓународен транспорт на човечки ткива, како и евентуални прашања за усогласеноста со законските и етичките стандарди за експерименти со човечки ткива и примероци, Јавното обвинителство оформи предмет со цел да ги испита сите индиции за евентуално постоење на елементи на…
Вчера во 20:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Х.Д.(26) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во понеделникот во 12:00 часот во СВР Тетово, Ф.Ј.(47) од с.Палатица, тетовско, пријавил околу 10:00 часот во средно училиште во Тетово во кое учи, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга повозрасна ученичка од истото училиште. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Денеска во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово. А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ. Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.
Излезе цел албум со слики на Мицкоски со криминалецот С.З., познат како Симе, уапсен со поголема количина дрога, оружје, муниција и пари; соопштија од СДСМ. „Откако ВМРО тврдеше дека станува збор „само една фотографија“, излегоа повеќе. Од тогаш молк. Молчи ВМРО, молчат институциите. Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе? Свиркачи до АКТ СДСМ доставија видео на кое се гледа како Симе, криминалецот од сликите со Мицкоски, пука со автоматско оружје – калашников. На собир со знамиња на ВМРО, Симе пука со калашников. Самото поседување автоматско оружје е незаконско, а пукањето покажува дека…
Саиф ал-Ислам Гадафи, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, е убиен синоќа во западниот либиски град Зинтан. Веста ја потврди неговото семејство, како и неговиот политички кабинет, кој нападот го карактеризираше како „предавнички и кукавички чин“. Според информациите од неговиот кабинет, четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција, додека медиумите јавуваат дека 53-годишниот Гадафи бил застрелан во градината на својот дом. Неговиот адвокат, Халед ал-Заиди, потврди за светските агенции дека врз неговиот клиент бил извршен атентат. Во Либија веќе почнаа шпекулациите за можните нарачатели, при што дел од медиумите ги посочуваат милициите блиски до владата во Триполи, иако тие…
Со низа манифестации и положување цвеќе, денеска во земјата се одбележуваат 154 години од раѓањето на големиот македонски револуционер и визионер, Гоце Делчев. Централниот настан ќе се одржи во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде што почиваат неговите посмртни останки. Почит пред саркофагот на Делчев ќе оддаде премиерот Христијан Мицкоски, заедно со собраниска делегација предводена од потпретседателката Весна Бендевска и пратениците Сергеј Попов, Даниела Белимова и Сања Лукаревска. На чествувањето најавено е присуство и на делегации од Град Скопје, државни институции, политички партии и здруженија на граѓани. Гоце Делчев, кој светот го разбираше како поле за културен натпревар…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која дошла од Македонија, велат од СДСМ. „Нема ниту еден одговор, како толкава количина дрога имало во Македонија, како поминала граница, скенери, камери…? Молкот е јасна потврда дека скандалот оди до самиот врв на власта. Ваков криминал не може да се случи без поддршка, логистика и заштита од луѓе на високи позиции во власта. Уште колку вакви пратки, уште колку тони дрога вредна милиони евра ја поминале границата? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со…
