Author: Author 04

Српското Министерството за внатрешни работи од денеска, па сè до недела, ќе спроведува засилени сообраќајни контроли на целата своја територија. Акцијата е насочена кон возачите на камиони и автобуси, со посебен фокус на патиштата со најинтензивен сообраќај. Сообраќајната полиција ќе го контролира почитувањето на прописите за времетраењето на возењето, задолжителните паузи, како и техничката исправност на возилата. Оваа информација е особено важна за македонските превозници и граѓани кои во текот на оваа недела планираат патување или транспорт низ соседна Србија.

Повеќе

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз. Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО. На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното…

Повеќе

Преку објава на Фејсбук Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) повика на протест со блокада пред Собранието утре, 10 февруари 2026 (вторник) од 9 часот. „Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток во 9 часот. Протестот / БЛОКАДАТА ќе се одржи пред Собранието на Македонија, односно на улиците – “11-ти Октомври“ и “Даме Груев” . Пратениците цела година молчат за предлогот на…

Повеќе

На 07.02.2026 во 10:48 часот, одговорното лице на манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка во СВР Тетово пријави дека во манастирот затекнал малолетници кои со употреба на сила се обидувале да ја отворат металната каса за доброволни прилози. Утврдено е дека станува збор за четворица малолетници од скопско село, кои биле на организирана екскурзија. Тие заедно со нивниот одговорен наставник биле задржани на лице место и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираа од тетовската полиција. 

Повеќе

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 2-ри до 8 февруари со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП ПОЦ. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, велат оттаму, неопходна е поголема сообраќајна култура. Затоа, нагласуваат, ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Повеќе

Овен Денес, вашата вообичаена брзина може да се судри со бавниот напредок во финансиите. Нетрпеливоста што ја чувствувате не е поради парите, туку поради стравот од несигурност. Застанете и дишете. Наместо импулсивни одлуки, ослободете се од притисокот дека морате сè да решите веднаш. Трпението денес е вашата најголема сила. Бик Последната четвртина на Месечината ве удира таму каде што најмногу боли – кај вашата потреба за стабилност. Ако чувствувате дека партнерот или околината ве притискаат за промена, не влегувајте во отпор. Прашајте се што е она што ве исцрпува во вашите врски. Пуштете ја контролата врз другите и дозволете промената…

Повеќе

Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина. Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДС, „ЦБД Медплант“, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата,…

Повеќе

После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?, прашуваат од СДСМ. „Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан.  Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија? Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина?…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електросистемот, неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека екипите ќе работат на мрежата во различни временски интервали. Распоред на исклучувања за денеска (09.02.2026): Од ЕВН апелираат корисниците навреме да ги планираат своите обврски согласно наведените термини.

Повеќе

Денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и двајца други доктори, обвинети за несовесно лекување. Во фокусот на денешното рочиште се медицинските вештачења изработени од словенечки експерти по налог на Обвинителството. Овие вештачења треба да појаснат како биле применувани терапиите кај вкупно 29 пациенти, за кои постои сомнеж дека добивале несоодветни дози или лекови без потребна медицинска процена. За сослушување на словенечкиот тим се предвидени повеќе рочишта во текот на оваа недела, што укажува на обемноста на доказите. Потсетуваме дека покрај Васев, на обвинителната клупа се и Симонида…

Повеќе