Author: Author 04

Австралија денеска зборува за 13-годишно момче кое херојски ги спасило својата мајка, помладиот брат и сестра, пливајќи четири часа во тешки услови за да побара помош. Семејството било однесено далеку од брегот во југозападна Западна Австралија, објави „Гардијан“. Инцидентот се случил во петокот попладне во заливот Географ, во близина на Квиндалуп, каде силните ветрови им ги однеле даските за веслање и надувувачкиот кајак. Момчето првично се обидело да се врати со кајак до брегот, но откако чамецот почнал да се полни со вода, тој храбро испливал четири километри додека не успеал да го вклучи алармот. Веднаш била организирана голема операција…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостување на ТВ Алфа обелодени дека во македонскиот сообраќај постојат возачи со двоцифрен број на забрани, додека новиот систем „Безбеден град“ веќе со полна пареа ги лови прекршителите. „Рекордери се двајца возачи кои имаат по дури 40 изречени забрани за управување моторно возило“, изјави Тошковски, анализирајќи ги податоците на МВР за последните четири години. Податоците покажуваат дека со две забрани се 7.987 возачи, додека 1.863 лица имаат по три правосилни пресуди. Во однос на тековната состојба со камерите низ Скопје, вчера до 20 часот биле евидентирани 508 прекршоци. Најчестиот прекршок останува пречекорувањето на…

Повеќе

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека со одлука на Владата, главниот град ќе добие 100 нови, современи и еколошки автобуси. Оваа мерка, која вклучува и 50 полначи, има за цел целосно да го реформира јавниот превоз и да придонесе за заштита на животната средина. Според Ѓорѓиевски, набавката е дел од стратешкиот договор помеѓу владите на Македонија и Унгарија, што овозможува исклучително поволни услови за градот. Тој истакна дека ова е одговор на најголемиот проблем на скопјани кој со години бил игнориран. „Свесен за тежината на предизвиците, ја прифатив оваа одговорност за да ги погледнеме проблемите во очи и…

Повеќе

Ноќеска во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било задржано во полициска станица, а возилото било одземено.

Повеќе

Лишени од слобода осум возачи во Велес, Делчево, скопско, Битола и Прилеп, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка дозвола, возилата им се одземени На 03.02.2026 во 02:40 на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода И.Т.(29) од Велес. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, при што на увид приложил фалсификувана возачка дозвола од Обединетите Арапски Емирати, која му била одземена. Додека пак, во македонската возачка дозвола е впишана активна забрана за управување на моторно возило. Лицето било…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се изврши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,77% во однос на одлуката од 26.1.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се променија.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,786 ден/кг и сега изнесува 33,885 ден/кг. Од 3.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати…

Повеќе

„Во поглед на државните вработувања коишто ги имаме, ние имаме политика на многу чесен однос кон секој еден синдикат којшто беше во Владата овие две години. Прво дојдоа преговори од образование добија кумулативно до крајот на нашиот мандат за 4 години околу 48%, потоа беа социјалните работници околу 20% покачување, исто околу 40% добија од здравството покачување на платите, 10% добија во МВР вработените, целосно се исплатени сите пари во рамките на одбрана и на Армијата“, рече Љупчо Пренџов пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на телевизија 24 во емисијата „Анализа“. Пренџов потенцираше дека инфлацијата за разлика од изминатите…

Повеќе

Овен – Вашиот фокус денеска е насочен кон финансиите. По период на стагнација, работите конечно се раздвижуваат, но потребно е да бидете разумни со вложувањата за да не трошите енергија залудно. Бик – Ова е ваш ден. По долг период на преиспитување, добивате храброст да бидете автентични. Промените кои започнуваат денес ќе бидат долгорочни и значајни. Близнаци – Интуицијата ви е силна сојузничка. Процесите што досега беа во застој полека се разјаснуваат. Не брзајте со чекорите, насоката сама ќе ви се покаже. Рак – Време е за реални сојузи. Денеска ќе сфатите кои пријателства и планови за иднината навистина вредат,…

Повеќе

Во време кога во буџетот недостигаат 2 милијарди евра зад грбот на народот, власта спроведува грабеж преку криминални тендери, се вели во соопштението од СДСМ. „161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, 1,2 милион евра за фирма блиска до ЗНАМ преку „Пошта“. Милионски суми, огромен број тендери, само за едни исти омилени фирми. Украденото мора да се врати кај народот. А за тоа да се случи, мора да има одговорност за криминалните тендери. Одговорноста треба да почне од тендер-коалицијата ВМРО – ЗНАМ. Нема борба…

Повеќе

Вистинското лице на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, излегува на површина. Тој е во служба на СДС и Левицата и одработува за нивни интереси наместо, во согласност со неговата позиција, да ги штити правата на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Трендафилов е избраник на СДС, кој преку Јованка Тренчевска беше поставен за претседател на ССМ и ден-денес продолжува да ги извршува насоките делегирани од партијата. Затоа, по насока на СДС и на Левицата, Трендафилов го одбива покачувањето на платите на административните службеници за 40 %. Само за да му се оддолжи на СДС затоа што го поставија на…

Повеќе