Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и лесно невидливо да ја преминат границата и да заминат за Србија

    СДСМ: Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5 тони дрога и лесно невидливо да ја преминат границата и да заминат за Србија

    09.02.2026 во 09:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница?, прашуваат од СДСМ.

    „Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан. 

    Како е можно од самиот центар на Скопје да излезат 5тони дрога и “лесно невидливо” да ја преминат границата и да заминат за Србија?

    Каде се камерите на „Safe City“? Каде била полиција? Каде била Мобилна царина? Зошто немало контроли? Што правеле АНБ и АР?

    На сите им е јасно дека без поддршка и логистика од врвот на власта не е возможно да се шверцуваат 5 тони дрога.

    Од медиумите видовме дека случајот во Србија е поврзан со сестринската партија на ВМРО- СНС како и со државни функционери.

    Прашањето е кој се е вмешан од структурите во Македонија и кој дозволил 5 тони дрога да поминат преку граница?

    Мицкоски, Тошковски, Тарчуловски, Николовски, началници, раководители, инспектори, службеници. Кој?

    Заплените кои ги прави власта не се одговор на главните прашања туку дефокус од скандалот со 5 тони дрога.

    Но и тоа не може да ја спаси власта. Доколку се запленети нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.

    Затоа што дозволиле нелегално да се произведува и складира марихуана изминатите две години.

    Одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на владата.

    Нема бегање. Сите ќе одговарате!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.