Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времето денеска променливо облачно, утре внимавајте на утринскиот мраз
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузманоска: „Безбеден град“ е проект во служба на граѓаните и не смее да биде предмет на етничка манипулација

    Кузманоска: „Безбеден град“ е проект во служба на граѓаните и не смее да биде предмет на етничка манипулација

    29.01.2026 во 14:283 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната собраниска седница за пратенички прашања имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Биљана Кузманоска, која упати три пратенички прашања  до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

    Првото прашање кое го постави пратеничката Кузманоска беше за Законот за прекршоци, односно за проектот Безбеден град, во однос на тоа кој е ставот на претседателот за постапката на Зијадин Села за оспорување на законот и тврдењата дека е дискриминаторски, притоа пратеничката потенцираше дека проектот нема етничка, верска и политичка димензија и е од суштинско значење за безбедноста на граѓаните и воведување ред согласно европските стандарди.

    „Најпрво сакам да се осврнам на Законот за прекршоци, познат како Безбеден град, од самиот почеток вие недвосмислено нагласивте дека овој проект нема верска, политичка или етничка димензија, тој е воведен со една единствена цел, заштита на човечките животи, зголемување на безбедноста и воведување на ред во јавниот простор согласно европските стандарди. Иако сеуште системот е во тест фаза веќе има конкретни и мерливи резултати. Тоа е најсилниот аргумент дека Сејф сити не е политички проект туку проект во служба на граѓаните. И токму затоа загрижува контрадикторното однесување на колегите од ДУИ кои јавно соопштија дека ќе го подржат законот, а потоа не гласаа за истиот. Дополнително нивниот коалиционен партнер Зијадин Села поднесе и претставка до Уставниот суд да го оспори законот тврдејќи дека овој закон бил дискриминаторски и насочен против Албанците. Сметам дека Закон кој спасува човечки животи не смее и не може да биде предмет на етничка манипулација“, вели Кузманоска.

    Второто прашање беше во контекст на најавената набавка на 150 нови автобуси, во насока на тоа каков е планот и која е динамиката на развој,  односно како ќе се распределат тие автобуси низ општините, посочувајќи дека оваа инвестиција е од клучно значење за подобар квалитет на животот на граѓаните.

    „Оваа инвестиција е директно неповрзана со подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, заштита на животната средина и унапредување на јавниот превоз. Она што ја разликува оваа Влада од претходната на СДС и ДУИ е тоа што проектите се реализираат со јасен план и рамномерен регионален развој. Граѓаните очекуваат оваа инвестиција да не биде сконцентрирана само во еден дел од државата, туку да одговори на реалните потреби во сите општини“, рече Кузманоска.

    Третото прашање се однесуваше на состојбите во судството, односно како претседателот го коментира сознанието за пронајдените 350 илјади евра кај судијата, дали верува во тоа дека парите се од неговите родители од продадена нива, истакнувајќи дека токму заради овие случаи довербата на граѓаните е многу ниска и нарушена.

    „Вие јавно зборувате дека довербата на граѓаните во правосудството е сериозно нарушена и дека не може да има автоматско зголемување на платите на судиите и јавните обвинители без реални резултати, интегритет и одговорност. Јавноста беше сведок на апсење на судија од Врховниот суд поради примање на мито а најновата информација за пронајдени 350 илјади евра во готовина дополнително ја вознемири јавноста. Објаснувањата дека парите наводно потекнуваат од продажба на нива во најмала рака отвараат сериозни сомнежи и потреба од темелна проверка“, истакна Кузманоска.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.