Author: Author 04

Најниска температура утрово во државата е измерена на Попова Шапка, каде термометарот се спушти до -7 степени. Студено утро со температури под нулата е забележано и во Берово, Маврови Анови, Крушево, Крива Паланка, Тетово и Виница. Спротивно на нив, најтопло утрово беше во Гевгелија, каде се измерени 3 степени. Во однос на врнежите, според УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија (26 л/м²) и во Демир Капија (20 л/м²). Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд и снег, главно во северозападните предели. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој ќе биде…

Повеќе

Ноќеска во 02:00 часот на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода М.Р.(18) од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја. Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана. Исто така ноќеска во 01:05 часот на ул.„Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.Н.(40) од Битола. При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 33,099 (денари/килограм)

Повеќе

Од рано утринава воведен е прекин на сообраќајот на патниот правец Удово – Валандово. Како што информираат надлежните служби, причина за забраната која стапи на сила во 05:25 часот е излевање на Калковска Река. Додека трае прекинот, сообраќајот се пренасочува преку селото Марвинци кон Валандово. Дополнителни проблеми за возачите претставува и појавата на магла. „Магла има на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека поради што видливоста е намалена до 100 метри“, соопштија од АМСМ. На останатите патни правци низ државата се вози во зимски услови. На одредени повисоки места има остатоци од кашест снег, па се препорачува зголемена внимателност. На…

Повеќе

Жителите од две скопски општини денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од ЕВН Македонија, станува збор за планирани интервенции во мрежата. Во општина Аеродром, без електрична енергија од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ бр. 30. Во истиот временски интервал, односно од 09:00 до 11:00 часот, струја ќе нема и на улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари.

Повеќе

Македонија денес и утре ќе биде под влијание на променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според синоптичарите, во текот на денешниот ден постојат услови за локални послаби врнежи од дожд и снег во пониските предели, додека на повисоките места и на планините се очекуваат слаби врнежи од снег. Утринските температури денеска на повеќе места низ земјава се спуштија неколку степени под нулата. Дневниот максимум ќе се движи во интервал од 3 до 11 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно. Денешната температура во главниот град ќе достигне до 6 степени, додека утре се очекува пораст до…

Повеќе

Четириесет и седумгодишна жена од Бар е уапсена под сомнение за разбојништво, откако на крајно необичен и агресивен начин се обидела да измами и ограби продавница. Осомничената Џ.Х. влегла во објектот маскирана со перика, обидувајќи се да плати цигари со фалсификувана банкнота од 50 евра. Драмата започнала кога вработената ја открила измамата, по што жената извадила скалпел и почнала да замавнува кон неа. „Со намера да ги задржи украдените предмети и кусурот, таа мавтала со сечилото кон вработената, при што оштетила дел од нејзината облека“, соопштија од полицијата во Бар. Полицијата брзо ја лоцирала осомничената во населбата Бјелиши, каде кај…

Повеќе

Мајка пронајдена мртва во корпа за отпадоци, соседите ги виделе синовите како се тепаат: Еден уапсенМајка од Оклахома е убиена, нејзиното тело е фрлено во корпа за отпадоци во нејзиниот дом во предградието, а нејзиниот посвоен син е уапсен за убиство. Спринг Вимс, 47, е убиена во среда, според полицајците кои го пронашле нејзиното тело откако отишле во нејзиниот дом во Едмонд, каде што соседите пријавиле дека двајца тинејџери се тепале со оружје. Кога полицајците пристигнале, едното од момчињата го обвинило другото дека ја убил нивната мајка и ја фрлило во корпа за отпадоци, а кога полицајците провериле, ја пронашле…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (27), Н.Ј. (26), М.С. (21) и Х.П. (19), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 05.10.2025 пред угостителски објект во Куманово, пријавените физички нападнале вработен од обезбедувањето, откако претходно оштетиле дел од инвентарот во објектот.

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги потпиша указите за сетот закони од судството, игнорирајќи ги жестоките критики од Европската комисија. Иако Брисел ги оквалификува овие промени како „директно поткопување на независноста на судството“, законите веќе стапија во сила. Европската комесарка за проширување, Марта Кос, упати остра порака до Белград, нагласувајќи дека ваквиот потег е спротивен на европските вредности. „Очекуваме земја кандидат да се однесува на европски начин. Ова е сериозен чекор назад, бидејќи измените беа усвоени на брз и нетранспарентен начин, без никакви консултации“, изјави комесарката Кос. Комисијата побара од Србија во најкраток рок да ги ревидира законите и да…

Повеќе