- СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски
- Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет
- Во Берото утрово најстудено – измерени минусни температури
- Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна – гордоста на Скопје во полн сјај
- Облачно со сончеви периоди и северен ветер
- Митровденска задушница – спомен за починатите
- Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот во Белата куќа
- Возел и покрај активната забрана за управување, приведен 45-годишен жител на Калишта
Author: Author 04
Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од скопско, пријави дека на 03.02.2026 околу 13:00 часот во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот девер Д.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вишото јавно обвинителство во Зајечар повторно го достави обвинението против Дејан Драгиевиќ и Срѓан Јанковиќ за тешкото убиство на двегодишната Данка Илиќ. Ова се случува откако судот претходно го врати предметот на доработка за „подобро разјаснување на состојбата“. Иако телото на малото девојче сè уште не е пронајдено, обвинителството е децидно дека собраните докази се доволни за судски процес. Осомничените се товарат дека на 26 март 2024 година ја удриле Данка со службено возило, по што наместо помош, ја усмртиле и ја фрлиле на депонија. Во случајот е опфатен и Радослав Драгиевиќ, таткото на еден од осомничените, кој се товари…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти „веројатно ќе оди во рајот“. „Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, рече Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот Вашингтон Хилтон, објави CNN. На настанот на кој присуствуваа неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „се шегува“ за својот „пат до рајот“. Тој тврдеше дека често избира да биде „саркастичен“ во комуникацијата со медиумите, велејќи дека се обидува да се потсмева на начинот на кој се известува за неговите изјави. Трамп го нарече републиканскиот…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска порача дека државата обезбедува бројни инструменти за социјална инклузија на Ромите, но дека законските минимум стандарди за возачка дозвола мора да се почитуваат. Реакцијата на министерката доаѓа по протестите на дел од ромската заедница кои бараат да бидат ослободени од полагање возачки испит поради неписменост. Јаневска нагласи дека за добивање возачка дозвола е потребно само минимално, односно основно образование, кое е бесплатно и достапно за сите. „Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста преку Центарот за образование на возрасните. Имаме огромен број инструменти со кои се обидуваме да ја…
Пожар избувнал во продажен објект на улицата „11 Ноември“ Куманово, пожарникарите интереневирале и го изгасиле, соопшти денеска СВР Куманово. -Денеска, во 01:18 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во продажен објект на улицата „11 Ноември“ во Куманово сопственост на М.Г. Пожарот бил изгаснат од територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, соопшти кумановската полиција. Увид извршила екипа од СВР Куманово. Од ТППЕ Куманово информираат дека интеревнирале со едно возило и пет пожарникари.
Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, порача денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој појасни дека доколку возач помине на црвено или надмине брзина, казната нема да оди на сметка на претпријатието. За да се стави крај на нередот и злоупотребите, градот воведува модерни системи за контрола. „Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент. Доколку не може да се утврди возачот, одговорноста ќе ја сноси шефот на возниот парк“, појасни Ѓорѓиевски. Покрај сообраќајната…
„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои што се резидентни во нашата земја, и ценам дека на овој начин можеме поблиску да ги доближиме активностите кои што како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија на денешниот брифинг за Реформската агенда со амбасадори на земји членки на Европската Унија. Мицкоски посочи дека дел од реформите се реализираат, но дел, како што рече, од објективни причини нема да се реализира, и за тоа се известени претставниците…
Вчера во 17:25 часот во с.Пепелиште, неготинско, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии го лишија од слобода О.П.(51) од с.Пепелиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од КЗ. Полициските службеници запреле патничко возило „ровер фрилендер” со велешки регистарски ознаки, кое О.П го управувал и при извршен преглед, во возилото биле пронајдени и одземени 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал соодветна документација. Тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Неготино, а по целосно документирање на случајот, ќе…
Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.В.(38), Б.И.(23) и Ш.А.(23), сите од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
Јавното обвинителство, во тесна соработка со МВР, отвори истрага за случувањата на неодамнешните протести против проектот „Безбеден град“, по серијата наводи за закани кон полициски службеници. Веќе се дадени насоки да се испита дали говорот и однесувањето на учесниците ги исполнуваат елементите за тешки кривични дела против државата и јавниот ред. Фокусот на истрагата е ставен на евентуално прекршување на два конкретни членови од Кривичниот законик: „Јавното обвинителство во координација со МВР презема соодветни мерки и активности. Дадени се насоки за испитување на евентуални елементи на кривични дела од чл.319 и чл.387 од Кривичниот законик, како и евентуално други дела…
