Author: Author 04

Вчера во 15:25 часот на патот Битола-Маково, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.Г.(22) од с.Ношпал, битолско. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки со брзина од 139 километри на час, каде што брзината е ограничена на 60 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по чл.297-а од Кривичен законик – „безобѕирно управување на моторно возило”.

Повеќе

Вчера во 14:05 часот во село Горно Седларце, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Е.Н.(33) од истото село. Тој бил баран по наредба од Основен суд Тетово за издржување на затворска казна во времетраење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување казната.

Повеќе

Во судницата во Идризово денеска продолжува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено сослушување на пет нови сведоци и законски застапници на оштетените. На претходните рочишта, преживеаните сведоци опишаа сцени на паника и хаос кои настанале кога чадот и пламенот го зафатиле преполниот објект. Обвинителот Борче Јанев во своето воведно излагање беше дециден дека трагедијата е резултат на долгогодишни системски пропусти. „Општеството мора да се соочи со вистината – кој дозволил, кој молчел и кој не спречил да се случи…

Повеќе

Жителите на општина Центар и возачите кои секојдневно транзитираат низ овој дел на градот, од денеска ќе се соочат со изменет режим на сообраќај. Промените ќе бидат на сила сè до 23 септември 2026 година. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, посебниот режим се воведува поради реализација на градежни активности за изградба на нова комунална инфраструктура и улици. Зафатите ќе се одвиваат на улицата „Тодор Александров“, поточно на краците со број 11 и 12. Активностите се спроведуваат согласно одобрението за времена измена на режимот на сообраќај издадено од Град Скопје. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да…

Повеќе

Во јавноста протекоа вознемирувачки информации од електронската преписка поврзана со починатиот американски милионер Џефри Епштајн, во кои се споменува Македонија. Според овие наводи, човечки мозоци од починати лица од земјава наводно биле длабоко замрзнувани и транспортирани во САД за потребите на истражувачки центри. Мејловите откриваат логистички детали за таканаречената криопрезервација, односно длабоко замрзнување на мозоците и нивно пренесување во специјализирани американски лаборатории. Информацијата дека дел од примероците потекнуваат токму од Македонија предизвика сериозни реакции и отвори низа прашања за легалноста и етиката на овие наводни активности. Епштајн, кој беше осуден за сексуални деликати, со години финансираше научници и институции фокусирани…

Повеќе

Од вчера, 1 февруари, еврото стана единствено средство за плаќање во Бугарија. Со ова заврши едномесечниот преоден период во кој граѓаните и бизнисите можеа да ги користат и бугарскиот лев и еврото при секојдневните трансакции. Како што потврдија од бугарското Министерство за финансии, левовите веќе нема да се прифаќаат за купување стоки и услуги. Трговците отсега имаат обврска кусурот да го враќаат исклучиво во евра, без оглед на тоа во која валута се вршело плаќањето претходно. Со цел да се спречат шпекулации и да се задржи транспарентноста, цените во продавниците ќе останат двојно прикажани (во левови и евра) сè до…

Повеќе

ОВЕН Денешниот немир кај Овните може да предизвика силна желба за итни промени, особено во делот на финансиите или личната самодоверба. Сепак, наместо да носите импулсивни одлуки, астролозите советуваат енергијата да ја насочите кон конкретна задача или спорт. Веќе во подоцнежните часови ќе имате многу појасна слика за тоа што навистина вреди да се менува во вашиот живот. БИК Биковите денес може да почувствуваат притисок кој ги турка надвор од нивната вообичаена зона на комфор. Вашата прва реакција би можела да биде тврдоглавост или нагла одлука, но клучот е во паузата пред секоја акција. Со преминот на Месечината во Девица,…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, каде ќе учествува на Светскиот самит на владите. Од нејзиниот кабинет информираат дека претседателката ќе биде клучна говорничка на сесијата посветена на демографските промени, каде ќе ја презентира македонската перспектива за влијанието на овие процеси врз националниот развој. Покрај централното обраќање, предвидено е нејзино учество на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати. „Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на Самитот. Централна тема на настанот е ‘Обликување влади на иднината’“, стои во официјалното соопштение. На самитот учествуваат над 35…

Повеќе

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, од денеска до 7 февруари престојува во официјална посета на Вашингтон, САД. Во рамки на агендата, Гаши ќе присуствува на традиционалниот Национален молитвен појадок, каде ќе оствари средби со американски конгресмени и претставници на меѓународни организации со цел зајакнување на меѓусебното партнерство. За време на престојот, тој ќе има обраќање на Форумот за безбедност во американскиот Конгрес, каде ќе се дебатира за инвестициите во одбраната и регионалната стабилност. Исто така, предвидено е негово учество на самитот „Balkans Forward“ во организација на Атлантскиот совет. „Целта на посетата е продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави и…

Повеќе

5 тони дрога завршила во соседна Србија преку Македонија, косопственик од македонска фрима е меѓу уапсените а власта молчи за овој картелски скандал, велат од СДСМ.  „Нема одговор кој дозволил преку македонската граница да помине огромна количина на дрога? Нема одговори ниту за сликите на Мицкоски со криминалецот познат како Симе, уапсен во друг случај со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина пари. СДСМ со денови алармира за поврзаност на криминални структури во Македонија и во Србија. Со секој нов ден власта на ВМРО тоне сѐ подлабоко во скандали, криминал и корупција. Криминални тендери, дрога од 5 тони,…

Повеќе