Author: Author 04

Очекувам Европската Комисија во скоро време да изнајде решение за проблемот со превозниците на состанок со нас министрите за транспорт од регионот. Имаме меѓународна подршка од земји од ЕУ и за доброто на целокупната економија е да се изнајде решение, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на одговор на пратеничко прашање. “ Во однос на решенијата понудени се неколку алтернативи. Едно е да се применува истото правило кое се применува за пилотите и кабинскиот персонал, како и машиновозачите и персоналот во возовите, а тоа е дека за нив овие правила не важат. Втората варијатна е помалку прифатлива, а…

Повеќе

Поддржуваме одржлива, разумна и долгорочна иницијатива за заштита на здравјето на граѓаните од штетните последици од пушењето , особено кога станува збор за заштита на младите и превентивна борба против зголемениот број на малолетни уживатели на електронски и обични цигари. Но, подеднакво важен е начинот на кој се носат и се спроведуваат законите, пишува во својата последна колумна, Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во која се осврнува на вовлекувањето на игрите на среќа во актуелната дебата за предлозите за измени на Законот за заштита од пушењето.„Ако ова го ставиме во контекст на индустријата на…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години казниво според член 188 став 3 од Кривичниот зкаоник. Осомничените на 14.02.2025 година се договориле и со возило зеле 13-годишно девојче-жртва од Неготино со кое еден од осомничените претходно се познавал. Детето го однеле локација надвор од неготинското село Криволак и сите имале сексуални односи со жртвата, удирајќи ја и навредувајќи ја, по што ја вратиле во Неготино. Во текот на претходната постапка осомничените беа обезбедени…

Повеќе

Европската Унија објави нова стратегија за визи која за прв пат предвидува системско решение за професионалните возачи од земјите надвор од Шенген зоната, преку воведување посебни визни режими и продолжени краткорочни престои во Шенген зоната. Во стратешкиот документ на Европската комисија се наведува дека сегашниот режим на престој, кој дозволува 90 дена во рок од 180 дена, создава сериозни проблеми за секторите кои зависат од постојана прекугранична мобилност. Меѓу нив, особено е истакнат секторот за патен товарен транспорт, што е од големо значење за земјите од Западен Балкан. Комисијата забележува дека сегашните правила бараат добивање долгорочна виза или дозвола за…

Повеќе

Македонија влегува во период на нестабилно време. Според најновото соопштение од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре не очекува променливо облачно време со врнежи кои на планините ќе бидат од снег, додека на повисоките места ќе има мешавина од дожд и снег. Вистинската промена доаѓа во недела, кога се очекуваат поинтензивни врнежи. „Пообилни врнежи ќе има во недела кога ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места“, предупредуваат метеоролозите. Од понеделник се очекува стабилизација, но со ведри утра и значително ниски утрински температури.

Повеќе

Вчера во 14:55 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.Ј.(52) од село Добридол, поради основано сомнение декa претходниот ден во ПО Галате лажно пријавил тешка кражба, извршена во неговата куќа во с. Добридол, каде наводно, според пријавеното, непознати лица влегле преку прозорец од тоалетот и одзеле злато и пари, информираа од полицијата.  Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за денешните временски услови во Македонија. Според најавите, не очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Особено внимание се препорачува за јужните делови од државата каде врнежите ќе бидат пообилни, а во текот на ноќта бранот ќе се прошири и во западните делови. „Пообилни врнежи ќе има во јужните, а во текот на ноќта во западните делови“, соопштуваат од УХМР.

Повеќе

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати жестоки критики до раководството на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според него, поради „политичката заробеност“ на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски од страна на СДС, административните службеници останале без ветеното зголемување на платите. Манасиевски тврди дека синдикалците одбиле покачување од 40% за администрацијата, што во реални бројки значело минимум 10.000 денари повисока плата во следните две години. „Доколку овој предлог на Владата беше прифатен, минималната плата за административците ќе изнесуваше 36.000 денари во 2028 година. Единствен услов беше потпишување на нов и јасен колективен договор, бидејќи сегашниот е истечен…

Повеќе

Вчера во 10:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Ш. (34) од село Чегране, поради сомнение за обид за разбојништво истиот ден во 09:40 часот во финансиско друштво во Гостивар. Според пријавата на вработената, маскирано лице влегло во објектот и со закана со пиштол побарало пари, но по активирањето на паник-тастерот, се дал во бегство, информираа од гостиварската полиција.  Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница најави дека новиот Закон за правична застапеност е подготвен и набргу ќе влезе во процедура. Одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи, Мицкоски истакна дека текстот веќе ги добил позитивните мислења од Венециската комисија, што е клучен фактор за евроинтеграциите. Премиерот нагласи дека квалитетот на кадрот ќе биде приоритет, без разлика на етничката припадност. „Јас сум личен гарант дека нема да дозволам никој никого да минимизира или мајоризира. Квалитетот на луѓето треба да биде клучен. Очекувам пратениците едногласно да го усвојат овој закон и да не ги загрозат европските процеси“, порача Мицкоски.

Повеќе