- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
Author: Author 04
Националниот парк Шар Планина упати итно предупредување до јавноста поради висока лавинска опасност, особено на местата над 1.700 метри надморска височина. Алармот доаѓа откако веќе е забележана една лавина на територијата на паркот, која за среќа поминала без жртви.„Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри. Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, како и снежните врнежи во изминатите неколку денови.…
Општина Центар започна со подготвителни работи за партерно и хортикултурно уредување на потегот во Градски Ѕид, од Зелено пазарче до ул. „Македонија“. Во рамки на активностите, се отстранува дотраеното детско игралиште во делот зад објектот „Краш“. На истата локација ќе биде поставен нов проширен простор наменет за детска игра, со нови реквизити и подлога. Веднаш до него се планира и поставување модерна фитнес зона, опремена со справи за вежбање и рекреација. „Модернизацијата и уредувањето на овој простор беа дел од мојата програма. По барање на жителите, овој потег го уредуваме за да биде достоен за урбаното јадро и за нивните…
По ширењето на алармантни наслови во медиумите за појавата на вирусот Нипа (NiV) во Индија, познатиот епидемиолог д-р Драган Даниловски излезе со стручна анализа за тоа колкав е реалниот ризик за Македонија. Според него, паниката не е оправдана, а сензационализмот не смее да ја замени реалната проценка на ризикот. Д-р Даниловски појаснува дека во Индија се регистрирани само пет случаи и дека епидемиолошката ситуација таму е под контрола. Тој нагласува дека Нипа е зоонозен вирус кој тешко се пренесува од човек на човек. „За да ‘влезе’ Нипа во Македонија, би било потребно лице што било експонирано на вирусот и развило…
Инспекторите на Град Скопје започнаа со изрекување парични казни за граѓаните кои не ја почитуваат забраната за одлагање отпад во периодот од 22:00 до 06:00 часот наутро. Досега со казни од по 50 евра се соочиле 60 лица, откако заврши периодот на адаптација и информирање. Иако главните булевари во градот се чисти, состојбата во внатрешноста на маалските зони е поразлична, каде и понатаму се забележува преливање на отпад околу контејнерите. Од Градот Скопје велат дека мерката веќе дава резултати во однос на воспоставување ред и дисциплина. Покрај санкциите за граѓаните, засилени се и контролите во индустриските зони: „Инспекторите за животна…
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов и стручни лица од Агенцијата, неделава одржаа работни состаноци со Министерот за локална самоуправа Златко Перински, Градоначалникот на Гард Скопје и Претседател на Заедниците на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевки. На состаноците се разговараше за неколку актуелни прашања од надлежност на АХВ и локалните самоуправи, за чие решавање е потребна заедничка соработка на институциите.Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС и даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на постоечкиот проблем и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините.“Ова ќе…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во две скопски општини. Во Општина Чаир, во периодот од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат жителите од улица „Чаирска“. Прекини се најавени и во Општина Сопиште: „Во период од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од Горно Соње, поточно улиците број ‘7’ и ‘9’.“ Екипите на ЕВН ќе работат на терен со цел подобрување на мрежата во овие региони.
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела – Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. За дејствија на проневера предвидена во член 354 од Кривичниот законик обвинети се поранешна директорка на ЈЗУ Општа Болница Прилеп и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари. Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси исплати со…
Силната подршка за Македонија за евроинтегративниот процес и заложби за интнезивирање на политичките и економски релации меѓу Македонија и Хрватска, беа потврдени на средбата во Загреб помеѓу заменик претседателот на Владата, Александар Николоски и Маријана Петир, пратеник во хрватскиот Сабор. При работната посета во Саборот, вицепремиерот Николоски оствари средба и со Андро Крстуловиќ- Опара, претседател на Одборот за надворешна политика. Добрите односи меѓу двете земји претставуваат пример за регионална соработка, заснована на пријателство, заемна подршка и визија за европска перспектива. Ваквата улога во регионот има значајно влијание врз унапредување на стабилноста во регионот, економскиот развој и интеграцијата, се заклучи на…
Кинеските власти погубија 11 членови на семејството Минг, кое раководело со голема мрежа на центри за онлајн измами во Мјанмар. Судот во покраината Џеџијанг ги прогласи за виновни за серија тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, измами и незаконско лишување од слобода. Кланот Минг со години го контролирал градот Лаукаинг во близина на кинеската граница, претворајќи го во центар за казина и нелегални операции. Нивната империја се распадна минатата година кога беа заробени од етнички милиции и предадени на кинеските власти. Според официјалните податоци од судот: „Измамите и коцкарските операции на семејството Минг им донеле повеќе од 10 милијарди јуани (1,4…
Руската нафтена компанија „Лукоил“ објави дека постигнала договор за продажба на поголем дел од својот капитал во странство на американската инвестициска компанија „Карлајл груп“. Вредноста на оваа мега-трансакција се проценува на околу 22 милијарди долари. Како што пренесува новинската агенција ТАСС, предметот на продажба е единицата „Лукоил Интернешнл ГмбХ“, преку која руската компанија управува со сите свои меѓународни средства. Реализацијата на договорот зависи од исполнување на низа регулаторни услови. Од компанијата појаснуваат дека процесот мора да добие „зелено светло“ од САД: „Договорот не е ексклузивен и неговата реализација зависи од добивање на неопходните регулаторни одобренија. Тоа вклучува и дозвола од…
