Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна турска министерка заврши во притвор

    06.11.2026 во 09:54

    ДУИ обвинува: Ниту еден Албанец не е примен во Воената академија

    06.11.2026 во 09:49

    Разговори за иднината во 12:05: „Европската иднина не смее да биде партиски монопол”

    06.11.2026 во 09:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна турска министерка заврши во притвор
    • ДУИ обвинува: Ниту еден Албанец не е примен во Воената академија
    • Разговори за иднината во 12:05: „Европската иднина не смее да биде партиски монопол”
    • Уапсен осомничениот за вооружениот напад во Турција во кој загинаа осум лица
    • Утре е Задушница – Што треба да се однесе на гробишта и што симболизираат обичаите
    • Трамп се подготвува за нови напади врз Иран
    • Зеленски предложи зимско примирје со Русија за одржување избори во Украина
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во Влае
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поранешна турска министерка заврши во притвор

    Поранешна турска министерка заврши во притвор

    06.11.2026 во 09:541 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Суд во Истанбул одреди притвор за поранешната министерка за семејство и социјална политика и висока функционерка на владејачката АК партија, Фатма Бетуел Сајан Каја. Одлуката е донесена во рамките на истрагата за финансиската криза што ги погоди инвестициските фондови во земјата.

    Каја ја напушти партијата откако во септември поднесе оставка од функцијата потпретседател, откако беше обвинета од опозициски политичар за остварување висок профит од акции пред масовната распродажба на берзата. Според агенцијата Анадолија, таа се товари за „кршење на законот за пазар на капитал“ и „членство во организација формирана со цел вршење кривични дела“.

    Истрагата ја спроведе одделот за истражување перење пари при главното обвинителство во Истанбул, кое тврди дека Каја поседувала повластени информации и била во контакт со поранешниот директор Емре Тезмен. Нејзиниот сопруг, Илјас Каја, е пуштен на слобода со изречени мерки на претпазливост и забрана за напуштање на земјата.

    Според опозициските обвинувања од септември, брачната двојка заработила околу 2,17 милијарди лири преку продажба на акции во бродоградилиштето „Озата Денизчилик“, чија цена пораснала од 220 на 4.980 лири пред кризата на ликвидноста на берзата на 16 септември.

    Прочитај повеќе

    Уапсен осомничениот за вооружениот напад во Турција во кој загинаа осум лица

    06.11.2026 во 09:43

    Трамп се подготвува за нови напади врз Иран

    06.11.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.