Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во Влае

    06.11.2026 во 09:22

    Спремете се за гужви: Посебен режим на сообраќај за Задушница во Скопје

    06.11.2026 во 09:18

    „За Билјана, за сите жени, за живот без насилство“ – Протест во Богданци по трагедијата која ја потресе Македонија

    06.11.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во Влае
    • Спремете се за гужви: Посебен режим на сообраќај за Задушница во Скопје
    • „За Билјана, за сите жени, за живот без насилство“ – Протест во Богданци по трагедијата која ја потресе Македонија
    • Дневен хороскоп: Овенот ќе решава стари недоразбирања, Лавот да внимава на зборовите
    • Ќе нема вода од 9 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • ФОТО: Уапсен скопјанец – Фатен на дело, а немал ниту возачка
    • Апсење во скопско: Шетал со пиштол и 26 куршуми
    • Швајцарскиот министер Касис во посета на Македонија – Европската перспектива во фокусот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во Влае

    ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во Влае

    06.11.2026 во 09:221 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ бара од Стево Пендаровски јавно да објасни каква е неговата поврзаност со објектот во скопската населба Влае, за кој самиот признал дека е во сопственост на неговиот близок соработник Еролд Муслиу. Од партијата отвораат прашања за потеклото на парите вложени во изградбата, имотната состојба на Муслиу и можен судир на интереси.

    Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали пријавените приходи и имотната состојба на Муслиу одговараат на вредноста на инвестицијата, дали се пријавени сите негови деловни интереси и дали постојат недозволени поврзаности од периодот кога извршувал јавна функција.

    Од партијата бараат и самиот Муслиу да го објасни потеклото на средствата со кои се финансира изградбата, а надлежните институции да ја проверат документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.

    ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата треба да го испитаат случајот и да утврдат дали постои судир на интереси или поврзаност со претходното службено работење на Муслиу.

    „Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи. Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Спремете се за гужви: Посебен режим на сообраќај за Задушница во Скопје

    06.11.2026 во 09:18

    „За Билјана, за сите жени, за живот без насилство“ – Протест во Богданци по трагедијата која ја потресе Македонија

    06.11.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.