Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси

    11.06.2026 во 10:20

    Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април

    11.06.2026 во 10:18

    Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени

    11.06.2026 во 10:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Мицкоски и бандата не градат за Македонија, туку за странски интереси
    • Помалку одобренија и пониска вредност на градежни проекти во април
    • Трагедија во Кина: Најмалку седум лица загинаа во силна експлозија, десетици се повредени
    • ФОТО: „Спремни за средно“ – Кисела Вода организираше бесплатна полуматурска прослава
    • Портокалов метео-аларм во Србија: Се очекуваат силни бури со град
    • ВМРО-ДПМНЕ: ,,Роаминг како дома“ за граѓаните значи пониски трошоци и подобра поврзаност
    • Лоши вести за сите кои планираат да одат во Грција: Тропскиот топлотен бран завршува, пристигнуваат град, бури и грмотевици
    • ФОТО: Македонската Царина сопре рент-а-кар возило – Заплена од 13.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата не простува: Одземени уште 11 возила, возачите приведени

    Полицијата не простува: Одземени уште 11 возила, возачите приведени

    05.02.2026 во 13:104 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 04.02.2026 во 10:10 часот на автопатот Градско- Велес, кај клучка Караслари, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Ф.Ј.(35) од Прилеп. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.Ј. и покрај тоа што му биле изречени три мерки за забрана за управување моторно возило од Б категорија.

    На 04.02.2026 во 21:45 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода К.А.(29) од с.Злетово, пробиштипско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел корса“ со пробиштипски регистарски ознаки и по извршени проверки е констатирано дека K.A. го управувал возилото и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

    На 04.02.2026 во 18:00 часот на ул.„Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од с.Желино. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од малолетникот и поради тоа што го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило, по добиени насоки од јавен обвинител, 16-годишникот е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор во присуство на родител, а возилото е одземено.

    На 04.02.2026 во 15:20 часот на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.М.(18) од с.Падалиште, гостиварско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.

    На 04.02.2026 во 13:40 часот во село Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.Ј. (37) од Куманово и Ф.А. (29) од село Черкезе, кумановско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возила „шкода“, управувано од Д.Ј., и „опел“, управувано од Ф.А., и по преземени мерки било констатирано дека ги управувале возилата без положен возачки испит.

    На 04.02.2026 во 19:30 часот, при контрола во патниот сообраќај во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица, запреле патничко возило „тојота“ без регистарски ознаки, управувано од Д.А.(20) од Струмица. Притоа, било констатирано дека тој го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола. Исто така, констатирано е дека во возилото превезувал бесправно исечени огревни дрва, по што од страна на вработени во Шумска полиција Струмица возилото и дрвата се одземени.

    На 04.02.2026 во 22:00 часот, при контрола во патниот сообраќај во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица запреле патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.. Притоа, било констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

    На 04.02.2026 околу 21:00 часот на ул.„Балканска“ во Штип, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(40) од Штип. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.

    На 04.02.2026 во 13:30 часот на ул.„9“ во с.Батинци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(43). При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без да поседува важечка возачка дозвола.

    На 04.02.2026 во 18:10 часот на локален пат Бутел- Мирковци во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.К.(47) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.

    По насоки на јавен обвинител, лицата се лишени од слобода, возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

    Прочитај повеќе

    Доброволци и пожарникари се бореа со огнот – Изгаснат пожарот во Штип

    11.06.2026 во 09:30

    Македонската полиција запре камион – Возачот веднаш приведен

    11.06.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.