- Демант од АХВ: Не сме дале изјава дека животното од Козле е чипирано куче, а не волк
- Екс министерот Николовски под сомнение за распределба на 800.000 евра
- Јаневска најави казни за родителите: Државата ќе го менува законот по насилството во училиштето во Ченто
- Мицкоски: СДСМ одамна го изгуби својот идентитет, ние сме промакедонска партија
- Мицкоски: Заврши реконструкцијата на „8-ми Септември“, во салите веќе нема да се влегува со чадор
- Манасиевски: Филипче призна дека позициите на СДС се исти со тие на Бугарија
- Не било волк туку куче: Сопственикот си го бара назад, посочуваат од АХВ
- Николовски за сослушувањето во Единицата за економски криминал: Ова е монтиран случај
Author: Author 04
Петгодишно дете избодено со молив во глава во училиште во Австралија.Мајката на повреденото девојче, Елиза, изрази загриженост поради недостатокот на информации за инцидентот Ученичката одговорна за нападот е испратена дома додека не се завршат процедурите Девојчето (5) наводно било избодено неколку пати во главата со молив во основното училиште „Св. Филомена“. Инцидентот се случил на 17 септември во австралиската држава Нов Јужен Велс. Елиза, мајката на повреденото девојче, изјавила дека нејзината ќерка крварила и дека била лекувана на местото на настанот. Сепак, според мајката, училишниот персонал не сака да ѝ ги каже деталите за инцидентот, пишува „Дејли меил“. Училиштето само…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во изјава за медиуми, посочи дека единствени кои што се разочарани и незадоволни од неспроведувањето на никакви реформи во правосудството, се само граѓаните. Филипче нагласи дека премиерот Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството и неспороведувањето на потребните реформи. „Сметам дека е апсолутно недозволиво премиерот да се однесува како независен аналитичар и да ги коментира само состојбите во правосудството, кога тој е директно одговорен за спроведување на реформите.Досега не се спроведени ниту една од предвидените реформи, преку носење на реформски закони во правосудството согласно Планот за раст, рече Филипче. Во…
Поради констатирани нерегуларности во работењето и непостапување по задолжениеза отстранување на истите, Министерството за образование и наука информира дека едонесена одлука за привремено запирање на работата на приватната висока стручнашкола – Факултет за бизнис економија во Скопје.Нерегуларностите се констатирани од страна на посебна комисија во рамки на МОН завршење надзор над законитоста во работењето, а одлуката за времено запирање наработата на оваа приватна високообразовна установа е донесена и врз основа намислење од страна на Одборот за акредитација на високото образование.На Факултетот за бизнис економија нема запишани нови студенти во академската2025-2026 година. Кон веќе запишаните студенти, високообразовната установа ќе гиисполни обврските…
Меѓународниот ден на знаковниот јазик е повеќе од симболика, овој ден е потсетник за целото општество дека вклученоста, комуникацијата и почитувањето немаат бариери кога постои волја и љубов кон другиот, порача претседателот на Собранието Африм Гаши во своето обраќање по повод 23 Септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик при посетата на Центарот за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“. Нагласи дека Собранието постојано се залага за вклучувањето и почитувањето на лицата со посебни потреби. -Во таа насока, од 2023 година Собранието организира курсеви за учење на знаковен јазик за вработените и заинтересираните пратеници. Ова не претставува само технички чекор, туку и…
Вчера во 12:50 часот во Полициската станица Кисела Вода, бил извршен службен разговор со А.И.(43) од Скопје, по претходна пријава од нејзиниот поранешен 43-годишен сопруг од Скопје, дека физички го нападнала нивниот малолетен син, информираа од полицијата за случајот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Првиот заменик премиер и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. “Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити. Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на…
Вчера во 16:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.Е. (39) од село Романовце, кумановско затоа што на улицата „ Илинденска“ во Куманово се заканувал со огнено оружје кон Е.С. (22) од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 17:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека во неговиот дом во с.Љубин, скопско бил пронајден починат Ф.Ш.(79), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Ноќеска во 01:48 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје настанал пожар при што биле зафатени три куќи и помошна просторија во сопственост на М.Б.(73), И.С.(41) и М.А.(53), сите од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе биде извршен од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
