Author: Author 04

Возењето под дејство на алкохол со концентрација од најмалку 1,50 г/кг промили во крвта или возење со брзина која надминува 50 км на час во населено место или 70 км на час надвор од населено место над дозволената, како и возењето под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори согласно последните измени на Кривичниот закон претставува кривично дело. Членот 297-а „Безобѕирно управување со моторно возило“ во пракса значи дека овие дејствија кои претходно беа прекршочно казнувани се подигнати на ниво на кривично дело, а возачите имаат кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана…

Повеќе

Екипа на Планинската спасителна служба со седиште во Охрид изврши евакуација на параглајдерист од Германија кој од неутврдени причини паднал од поголема височина на исклучително непристапен и карпест терен на падините на планината Галичица. Како што соопштуваат од Службата, тие попладнето околу 18:30 часот примиле повик од група параглајдеристи кои ги информирале за незгодата и побарале помош. Во тој момент тројца спасители на ПСС се наоѓале во планинарската куќа „Спиридон“, каде е лоцирана и спасителната станица на Службата, со специјализирана техничка опрема за интервенции во таков регион. Веднаш по дојавата, екипата за само 15 минути стигнала до местото на несреќата,…

Повеќе

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека во текот на вчерашниот ден хигиеничарите од општината со новата механизација за чистење го собраа целиот смет од улиците во Центар. „Целиот смет е собран од центарските улици. Нашите вредни хигиеничари вчера чистеа и во населбата Кале, а потоа со цистерна ги миеја улиците. Самите го исчистивме Центар, додека Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ го преплавија цело Скопје со смет. Им благодарам на хигиеничарите што секојдневно се на терен, неуморно работејќи за наша почиста општина“, рече Герасимовски.

Повеќе

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80.Сесија на Генералното собрание на ОН. – Тој рече дека стои зад нас и дека ова секаде ќе го повторува. Се разбира добро е да чуете ваков став и да добиете поддршка од првиот човек на Обединетите нации заради неговото богато дипломатско искуство во кое…

Повеќе

Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуасо кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивнитеразмислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје. Интервјуата седефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнинанализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз,урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.Второто интервју е на Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје.…

Повеќе

Денеска (25.09.2025) во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода А.Т.(54) од Италија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Повеќе

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка. – Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена координација по тоа што е наш интерес односно конечно отпочнување на процесот на преговори со ЕУ, а исто така и за билатералната соработка, потенцијалите што ги имаме во туризмот, во трговијата, во политичката соработка, изјави…

Повеќе

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се пуштени на домашно лекување по трагичната несреќа на Арената што се случи еден час по полноќ синоќа. Како што дознава „Телеграф.рс“, Лазиќ, кој бил зад воланот на „Мерцедес“, со сета сила удрил во автобусот, потоа отскокнал од него и завршил на рамо. Очигледно, поради големата брзина, не можел да закочи и го удрил одзади. По наредба на обвинителот, од возачот беа земени крв и урина за анализа, а беше наредено и вештачење на автомобилот и Мерцедесот.

Повеќе

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се пуштени на домашно лекување по страшната несреќа што се случи во близина на Арената, дознава „Telegraf.rs“. Во тешка сообраќајна несреќа, синоќа околу еден часот по полноќ, пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина Лазиќ се повредени кога биле враќани од Арената, а по наредба на обвинителот на Третото основно обвинителство во Белград, неговата крв и урина биле земени за анализа. Познатиот поп-артист „се забил“ во автобусот „Икарбус“, во кој за среќа немало патници, само возачот Р.М. (65)! Неофицијално, Лазиќ бил зад воланот на „Мерцедес“ во сопственост на лизинг компанија. Неговата сопруга Катарина…

Повеќе

Пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина се пуштени на домашно лекување по страшната сообраќајна несреќа што се случила околу 1 часот по полноќ синоќа на излезот за Арената, дознава Telegraf.rs. Лазиќ возел Мерцедес во сопственост на лизинг компанија кога удрил во задниот дел од автобус „Икарбус“, кој за среќа бил само возачот. Силата на ударот го фрлила автомобилот во рамото, а пејачот и неговата сопруга морале да бидат извлечени од пожарникари. Според нашите информации, Лазиќ има расекотина на левата страна од главата, која била зашиена во Военомедицинската академија, каде што лекарите му укажале помош. Иако цело време бил свесен,…

Повеќе