Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената

    (ФОТО) Скопје се чисти: Градоначалникот Ѓорѓиевски најави нов пристап во одржувањето на хигиената

    18.03.2026 во 13:362 Mins Read
    default
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина.

    Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно одложениот смет. Водовод и канализација спроведува перење на улиците и јавните површини, додека Паркови и зеленило работи на уредување и одржување на зелените површини. Воедно, Улици и патишта поставува метални столпчиња со цел спречување на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор.

    Градоначалникот на Град Скопје истакна дека оваа акција претставува почеток на нов пристап кон одржувањето на градот, каде редот, чистотата и одговорноста ќе станат секојдневие. Тој нагласи дека институциите ќе продолжат со систематски активности во сите општини, со цел создавање на почиста и поуредена урбана средина.

    „Чистата животна средина не е луксуз, туку основно право на секој граѓанин. Градот може да чисти, но вистинската промена доаѓа кога сите заедно ќе ја преземеме одговорноста“, порача градоначалникот.

    Од Градот потенцираат дека акцијата ќе продолжи со засилено темпо и во наредниот период, а за непочитување на правилата ќе следуваат соодветни санкции. Воедно, се упатува апел до граѓаните да придонесат со одговорно однесување, да го чуваат јавниот простор и да не фрлаат отпад на несоодветни места.

    Од Град Скопје веруваат дека грижата за животната средина и подобрувањето на квалитетот на живеење остануваат врвен приоритет во нивното работење.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.