- Арсенал е шампион на Премиер лигата, 22 години по „Непобедливите“
- Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги
- Мицкоски утре на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
- Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е да преговара, опција Б е да се рестартира нападот
- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
Author: Author 04
Вчера во 15:18 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
Гледавме како во овие четири години ветуваа многу, а направија малку. Гледавме како улиците остануваат недовршени, младите заминуваат, а Берово тоне, но најважно, изгубена е довербата, посочи кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Берово Петар Ружински во фејсбук објава. Сега јас ви го давам зборот, да почнеме одново со чесна работа, со посветеност и со вистинска грижа за секое семејството во Берово, за секој човек, човечки, напиша Ружински. „Јас сум Петар Ружински, прочитајте ја мојата програма и направете го вистинскиот избор. Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, потенцираше Ружински.
Успесите на нашите најмлади секогаш стимулираат силни емоции и ја поттикнуваатвербата дека имаме сигурни раце на кои можеме да ја оставиме Македонија и даверуваме во подобра иднина. Затоа ја зголемивме поддршката кон талентираните, дачувствуваат доволна грижа од државата, да останат тука и да придонесат кон нејзиниотразвој.Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска наконференција организирана од Институтот за хемија при Природно – математичкиотфакултет во Скопје, на која беа претставени успесите на македонските ученици инивните ментори постигнати на меѓународните научни олимпијади по хемија во оваакалендарска година.„Ги следам учествата на сите наши млади на меѓународните натпреварувања и воденаод…
Кандидатот за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција (НАИ), Бујар Османи денеска на прес-конференција го промовираше механизмот „Граѓанско око“, чија цел е, како што рече, искоренување на корупцијата во општината. „Граѓанско око“, објасни Османи, е сет од регулативи и четири реформи кои опфаќаат: јавно отворање на тендерите, независен мониторинг, јавна каса (можност со еден клик граѓаните да ги следат приходите и трошоците на Општината) и автоматска контрола со примена на вештака интелигенција – дали нешто се спроведува незаконски. Чаир ќе биде најтранспарентната општина во државата, најави Османи, порачувајќи дека нема да дозволи да се злоупотреби ниту еден денар…
Се зголемува бројот на деца и вработени од штипско средно училиште, кои имаат симптоми на труење по јадење на сендвичи во блиската сендвичарница. Епидемилиогот, Светлана Живкова за МИА изјави дека до денеска имаат регистрирано вкупно 17 лица со симптоми на труење, со што бројката од вчера е зголемена за уште двајца ученици и вработени во штипското училиште. -До сега се регистрирани 17 случаи, кај дел од нив од измет е изолирана „Salmonella enteritidis“. Земени се 35 примероци од храна, вработени и работни површини и се пратени во лабараторија на Институтот за јавно здравје во Скопје, вели Живкова. Таа додава дека…
Вчера во 20:55 часот во с. Бела Црква, општина Кривогаштани, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потрага и ПО Кривогаштани го лишија од слобода С.М. (31) од Штип, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица. С.М. е осуден на казна затвор во времетраење од пет години по чл.418 ст.2 од КЗ. Тој е предаден на Затвор Струмица.
Од трибината во Куманово, заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска упати јасна порака, време е за промена, време е Куманово да добие нова енергија и вистинско раководство. „Куманово заслужува многу повеќе. Време е да го поддржиме човекот кој има визија, искуство и искрена посветеност, Мартин Костовски,“ изјави Каранфилова-Пановска, истакнувајќи дека кандидатот на СДСМ е единствениот што нуди реални решенија за вистинските проблеми на граѓаните. Таа потенцираше дека промената започнува со човек кој не е зад канцелариска маса, туку меѓу луѓето. „Тој не е човек од канцеларија, тој е човек на народот. Чесен, вреден, посветен. Со него на чело, Куманово ќе оди напред,…
Вчера во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода Е.О.(29) и Е.А.(22), двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од Х.Џ.Ч.(26) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени. Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена лицето Б.О. од Република Туција, кој живеее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред…
Страшни се податоците и доказите кои излегоа во медиумите во однос на тоа како се спречувала правдата во случајот Пулс, но најстрашно е што она што јавноста го знаеше и во што се сомневаше се покажа како точно. ВМРО-ДПМНЕ и функционери од партијата директно го штителе сопственикот на „Пулс“, кој постапувал спротивно на сите стандарди, велат од СДСМ. „Затоа сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден ја попречуваше правдата. Сега е јасно зошто ги штитеше сите свои началници, зошто манипулираа, лажеа и ги напаѓаа граѓаните кои протестираа. ВМРО-ДПМНЕ е нечовечна партија, партија подготвена да гази по сопствените луѓе кои…
„Ветувам дека ќе изградиме 3 нови детски градинки. Една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Радишани, каде што се наоѓа старото училиште, изјави кандидатот за градоначалник за општина Бутел, Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Една нова детска градинка ќе изградиме во Бутел 1, на постоечки стар објект од детска градинка, рече Костовски. „И една нова детска градинка ќе изградиме во населеното место Визбегово, исто така каде што се наоѓа старото училиште. Тоа што сакам да го истакнам е дека за време на 4 години успеавме да изградиме две нови детски градинки, една во населеното место Бутел 1,…
