Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Падна полицаец од Тетово: Наместо казни од 300 евра за брзо возење, издал предупредување и казна од 45 евра
    • ФОТО: Се пребарува реката Вардар по пријава за исчезнато лице
    • Спречен шверц на Богородица: Возач на автобус се обидел да прокриумчари лекови за малигни заболувања во кутија за прва помош
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Семејната традиција продолжува по 35 години: Александар Пендароски и Мартина Михајлова се избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

    Семејната традиција продолжува по 35 години: Александар Пендароски и Мартина Михајлова се избрани за зет и невеста на Галичка свадба 2026

    27.03.2026 во 10:041 Min Read
    ФОТО: Месна заедница Галичник
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник со голема чест и задоволство ве информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова, информираат од Месната заедница Галичник.

    „Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.

    Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.

    Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.

    За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.

    Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.

    Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција.

    Да се ќердосает !

    Се гледаме во Галичник

    Со почит,

    Огнен Караѓозовски

    Претседател“, стои во соопштението од Месна заедница Галичник.

    Прочитај повеќе

    Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи

    21.10.2026 во 14:33

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.