Author: Author 04

Патот Гевгелија – Богданци е затворен за сообраќај, соопшти директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Претходно Ангелов информираше дека претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела после што дошло до истекување на нафта и палење на истата. „ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.

Повеќе

Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртеле после што дошло до истекување на нафта и палење на истата; соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „ТППЕ Гевгелија брзо стигна на местото на несреќата и со специјална пена го изгаси  огнот кој предизвика силнен црн чад и во овој момент имаат целосна контрола. Истекувањето на нафтата продолжува понатаму, опасноста од појава на нов оган е сведена на минимум“, истакна Ангелов.

Повеќе

Повеќе од 30.000 земјотреси, вклучувајќи некои посилни од 5 степени, го погодија грчкиот остров Санторини и неговата околина оваа зима. Сеизмичката криза заврши по околу еден месец без катастрофа, а научниците веруваат дека конечно знаат зошто се случила на прво место. Анализите на сеизмичката активност од јуни 2024 до февруари 2025 година, заедно со промените во надморската височина на површината на островот, сугерираат дека истиот извор на магма што го храни вулканот Санторини може да го снабдува и подводниот вулкан Колумбо, на само 7 километри оддалеченост, пишуваат истражувачите во студија објавена во списанието Nature, објави Science News. Сложените споделени системи…

Повеќе

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби, вели министерката за финансии Димитриеска-Кочоска. Таа во гостување на ТВ 21 потенцира оти нивна цел е да излеззат на меѓународните пазари и да ја издадат еврообврзницата во најповолен момент. -Во таа насока, за време на престојот во САД, на есенските средби…

Повеќе

– Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА од Атина по средбите со високи претставници на грчката Влада. Економската соработка, Коридорот 10, брзата пруга, регионалното поврзување беа во фокусот на средбите на министерот со вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, со министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, со алтернативниот министер за инфраструктура…

Повеќе

Двојните аршини на Левица излегоа на виделина. Раководството на Левица го покажа вистинското лице и се разобличи пред целокупната јавност. Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Нема повеќе глумење на сиромашни револуционери со полни џебови. Маските паднаа. Левица повеќе не може да се крие зад евтини фрази, глумење скромност и идеологија додека позади камерите раководството ги полни личните трансакциски сметки од партиската каса. Апасиев над 700 илјади денари ставил во сопствениот џеб од парите на партијата Левица, пари кои…

Повеќе

Семејното насилство повеќе нема да остане зад затворени врати, скриено зад ѕидовите на тишината и стравот. Со најновите предлог измени на Кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда, сега насилникот ќе може да се гони по службена должност, дури и без жртвата да поднесе пријава. Доволно ќе биде сведокот, сосед, роднина, пријател, случаен минувач да пријави семејно насилство, а институциите ќе бидат должни да реагираат. Досега, често се случуваше жртвата, соочена со трауми, заплашувања или економска зависност, да се повлече од постапката со што насилникот останува неказнет. Според статистичките податоци кои ги доби МИА од Министерството за внатрешни работи,…

Повеќе

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила на 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите. Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека, пишува во Законот. Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите…

Повеќе

Православните верници во сабота го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од…

Повеќе

До 7 часот утрово на територијата на Македонија има вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума. Активен е и пожарот во општина Прилеп, село Дабница и м.в. Три багреми, каде гори ниска вегетација и ѓубре.

Повеќе