- Дали сте во врска со зрел маж или со мамин син?
- Раси на кучиња што жените ги обожаваат: Тие се поврзуваат со своите сопственици посилно од кој било друг
- Нова климатска закана: „Ел Нињо“ носи екстремни жештини ширум планетата
- БиХ ја зголеми старосната граница за служба во армијата на 49 години
- Иран: Околу 30 бродови поминаа низ Ормускиот теснец во текот на ноќта
- Црн биланс во Либан: 22 загинати во масовните израелски воздушни напади
- Рубио од Пекинг: Политиката на САД кон Тајван е непроменета
- Детали за денешното убиство: Ја избодел со нож 10 пати додека спиела
Author: Author 04
Вистинската СДС се покажува на дело, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и претседател на младите на СДС и Илија Стојанов, крвнички тепаат странци во Струмица. Ве замолувам да го проследиме видеото, истакна Валентин Манасиевски на денешната прес-конференција. Целата македонска јавност увиде на каков начин СДС владее во Струмица, ширејќи страв и трепет врз останатите жители или туристи кои биле во тој период во градот, рече Манасиевски.„ Да нагласиме дека освен овие насилници кои ги видовме во видеото, има и други кандидати за советници…
Пејачот Дарко Лазиќ, заедно со неговата сопруга Катарина Лазиќ, доживеале сообраќајна несреќа синоќа, еден час по полноќ, на автопатот во близина на Белградската арена. Парот претходно присуствувал на промоцијата на новата песна на сестрата на Катарина, Тијана Матиќ. Пејачката Андреана Чекиќ, кума на Дарко, исто така била на забавата, а според гласините, расправија избувнала во белградскиот клуб каде што се одржувала промоцијата. Андреана Чекиќ во еден момент се карала со Дарко за микрофонот, а гостин од забавата ѝ пришол и ја замолил да отпее тажна песна, што таа одбила. И фолк пејачот Дарко Лазиќ се вклучил, велејќи дека пригодата е…
Лишени од слобода три лица во Прилеп за предизвикување на општа опасност по чл.288 од Кривичен законик На 25.09.2025 во 10:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода Ф.М.(38) од Битола, М.С.(56) и А.Н.(23), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека на 24.09.2025 во населба Тризла во Прилеп намерно предизвикале пожар на дива депонија. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната против пожарна единица Прилеп. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна кривична пријава.
Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) откри и следеше два Ту-95 и два Су-35 кои дејствуваа во Зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (ADIZ) на 24 септември 2025 година, според соопштението. NORAD додаде дека одговорил со борец Е-3, четири борбени авиони Ф-16 и четири танкери КЦ-135 за позитивно да ги идентификува и пресретне напаѓачите во одбранбената зона на Алјаска. Руските воени авиони останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во суверениот воздушен простор на САД или Канада. Оваа руска активност во ADIZ на Алјаска се случува редовно и не се смета за закана. ADIZ започнува таму каде…
Првиот есенски снег падна на Кредарица во Словенија, со дебелина од еден сантиметар, според веб-страницата на Агенцијата за животна средина (Арсо). Според метеоролозите, снегот е резултат на студен фронт и постои можност да падне на највисоките врвови на Словенија во наредните денови, но засега нема да трае. Тие додаваат дека снегот на високите планини не е невообичаен во лето и рана есен. Кредарица и Канин исто така паднаа побелени на почетокот на јули оваа година. Kredarica trenutno ❄️?️ . pic.twitter.com/qBeE8qWcNp— Kristijan Paljar (@KPaljar) September 25, 2025
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека радарот на скопскиот аеродром е ставен во фунција, оти е најден резервен дел и проблемот е решен во рекордно време од само три дена. Но, вели, притоа било констатирано дека изминатите години тој работел на само еден канал. Дополнително, нагласи Николоски, радарот е стар 27 години и минатата влада не донела одлука да се монтира новиот радар и притоа најави дека на следната седница на Владата ќе биде донесена одлука тој да биде монтиран што е можно поскоро. Во трите дена додека се решавал проблемот со радарот, потенцира николоски, не…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.С.(47) од гостиварско село. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“. Имено на 06.08.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички го нападнал неговиот татко и му одзел пари.
Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда, доцна синоќа и рано изутринава. Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево дека во 23:07 часот синоќа, во Секторот за внатрешни работи – Скопје било пријавено дека на паркинг – простор на булеварот „11 Октомври“, опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект. Денеска во 3:47 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на улицата „Дичо Петров“ во градот, опожарено било патничко возило „ренџ ровер“ со…
Денеска (25.09.2025) во 14:30 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи вонредна прес-конференција за медиуми по повод скандалозното тепање на странски државјани во Струмица од страна на кандидатите за советници од СДС во Струмица при што ќе се обрати Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
