Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Штип во своето обраќање ја истакна исклучителната посветеност на кандидатот за градоначалник, Павел Иванов, како пример за чесност, храброст и верба во социјалдемократските вредности. „Пред повеќе од една година, по тешкиот пораз на изборите, требаше да се обноват општинските организации. Првата организација што ја средувавме беше штипската. Му се обратив на Павел, го прашав дали е подготвен да ја преземе одговорноста. Тој прифати, иако знаеше дека може да ја изгуби својата работа. И навистина ја изгуби, но остана чесен, храбар и посветен. Тоа е вистинска љубов кон СДСМ и кон…
Повеќе