Author: Author 04

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри обвинувања до опозициската СДСМ, тврдејќи дека партијата веќе пет дена не ја демантира соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според Манасиевски, токму нивните „лоши ПР лекции“ се причината за ниската конкурентност на СДСМ на политичката сцена. Манасиевски смета дека Филипче со својот молк директно ги потврдува тезите на ВМРО-ДПМНЕ за нивната меѓусебна поврзаност. „Неоснованите прес-конференци и клеветничките говори се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само ги влече подлабоко. Со ваквиот однос, СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови“, изјави Манасиевски.

Повеќе

Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на…

Повеќе

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за Независен, предупреди дека намалувањето на ДДВ-то за нафтените деривати не е доволно за справување со енергетската и економската криза, ниту пак ова го решава енергетскиот проблем со која се соочува државата. „Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.“, истакна Битиќи. Битиќи предупреди дека задоцнетите мерки имаат директна цена за граѓаните: „Кога чекате три недели во вакви услови, вие не стоите во место, вие се движите наназад, дозволувате кризата да се прелее. Моменталната позиција на Владата дозволува непречено функционирање на механизам…

Повеќе

Жителите од општина Шуто Оризари утре, 25 март, ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според најавите од надлежните служби, прекинот е планиран заради изведување технички зафати во електросистемот. Детали за прекинот:

Повеќе

Деновиве во државата се случува тоа на што предупредивме и тоа уште пред неколку недели, а тоа е дека порастот на цените на енергенсите, на дериватите, на нафтата, на бензините ќе повлече поскапување на сите прво прехранбени продукти, понатаму на се друго во државата. Нафтата беше 71 денар сега е 95,5 денари и граѓаните веќе се жалат дека имаат проблем дека не може да наполнат ниту една кошничка, дека едноставно не може да се прехранат. Поскапени се основните прехранбени производи јајцата, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот, а знаеме дека кога тие продукти еднаш ќе поскапат назад цените нема да се…

Повеќе

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната…

Повеќе

Како одговор на тековната нестабилност на меѓународните цени, ОКТА го продолжува попустот што им се нуди на големопродажните и малопродажните трговци до 6 април, годинава. „Дополнително, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар и истиот ќестапи во сила од денес, 24ти март 2026 година. Оваа доброволна иницијатива на ОКТА има за цел да им овозможи на трговците овој бенефит да го пренесат на крајните купувачи во земјава. Трговците на големо и мало имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика.Со продолжувањето на мерката и засилената поддршка за дизелот, компанијата повторно…

Повеќе

Светот е во неверување по неверојатната приказна за преживување и лојалност која доаѓа од североисточна Кина. Седум кучиња од различни раси, кои биле украдени од трговци со месо, успеале да побегнат и заедно, како вистинско семејство, да поминат 17 километри низ опасни автопати за да се вратат кај своите сопственици. На снимките направени со дрон, се гледа како златен ретривер, германски овчар, лабрадор, корги и пекинезер одат во колона, внимавајќи ниту еден од нив да не заостане. „Изгледаа како браќа во неволја. Не личеа на скитници, туку на пријатели кои имаат мисија. Иако се обидов да ги повикам на безбедно,…

Повеќе

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари стратешки важна средба со својот турски колега, Мехмет Нури Ерсој, со цел привлекување на што поголем број турски туристи и капитал во Македонија. На средбата во Турција, двајцата министри ги потврдија традиционално блиските врски, но овојпат со фокус на конкретни економски чекори. Главен акцент беше ставен на привлекувањето на турски инвеститори кои би ја развивале туристичката инфраструктура кај нас, како и на зголемување на бројот на туристи од оваа пријателска земја. „Работиме на конкретни проекти кои ќе значат просперитет за целиот регион. Турција е наш сериозен партнер и во периодот што следува…

Повеќе

Најпознатиот македонски шоумен и актер, Игор Џамбазов, стана жртва на дрзок интернет криминал. Неговиот лик десетина дена се злоупотребува во лажни видеа и реклами за „чудотворни“ производи за слабеење, кои ги преплавија социјалните мрежи. Џамбазов преку Инстаграм испрати жестока порака до оние кои стојат зад оваа измама. „Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви или масти. И не познавам никаква докторка Елизабета!“, дециден е Игор. Тој откри дека случајот е веќе кај неговите адвокати и дека сторителите скапо ќе ја платат оваа манипулација. View this post on Instagram A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Повеќе