- Арсенал е шампион на Премиер лигата, 22 години по „Непобедливите“
- Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги
- Мицкоски утре на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
- Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е да преговара, опција Б е да се рестартира нападот
- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
Author: Author 04
Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес-конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше. Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог…
Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски. Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот долг на општината којшто тој го наследил кога стапил на должноста и и најави дека веќе следната година, општината нема да има никаков долг. „Не потрошив ниту еден денар од граѓаните на Центар, потенцирам, ниту еден денар, за патувања и оние непопуларни кафеани. Мислам дека сум единствен градоначалник во државата,…
Утрово е најстудено во Крушево, четири степени, а во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Ѓуриште, 19 литри на метар квадратен. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, до 8:30 часот се измерени 6 степени во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија и 10 степени во Струмица. До 8 часот наврнале и 17 литри дожд на единица површина во Крушево и Битола, 14 во Штип, 13 во Скопје – Петровец и Тетово, 8 во Демир Капија и Крива Паланка, 7 во Берово,…
Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Кандидатите за локалните избори денеска на четвртиот ден од кампањата ќе ги престават своите програми на митинзи и средби со граѓани. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Карбинци (17:00), Чешиново Облешево (18:00), Зрновци (19:00) и Виница (20:00). Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде меѓу граѓаните на Студеничани (17:30), Зелениково (17:30), Кисела Вода (18:30) и Аеродром (20:00). Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски во 12:00 часот ќе одржи прес-конференција во Хиподром на локацијата Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата, Мартин Костовски ќе биде меѓу граѓаните на Куманово. Во…
Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни. На планините врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 10, а максималната ќе достигне само до 11 степени. Утре ќе има врнежи од дожд, а на планините…
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривични пријави против поранешен директор на струмичко јавно претпријатие за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „бесправно градење“. -СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против З.Г. (56) од Струмица – поранешен директор на Јавното претпријатие за комунални дејности Комуналец Струмица, против јавното претпријатие, против Г.Б.(52) од Струмица и против правно лице од Струмица поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244-А во врска со член 22 од Кривичниот законик. Имено, јавното претпријатие, застапувано од З.Г. и правно лице, застапувано…
Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари. Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување…
Вчера во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина…
Вчера во 17:14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(52) од с.Долно Количани, скопско, удрило во пешакот Љ.В.(54) од с.Агино село, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
