- Хороскопски знаци кои често трошат пари на работи што не им требаат
- Пет вообичаени навики за пиење кафе што треба да ги избегнувате
- Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
- Филипче: Кој е сега предавник?
- Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
- Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
- Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
- Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
Author: Author 04
„Ние работиме на една интеграција во ЕУ со идентитет и интегритет и многу пати тоа сме го повториле. Позициите се нарушени изминатите седум години до степен да многу работа е потребно на таа тема, така што ценам дека целата дипломатска офанзива којашто ја имаме во рамки на Владата и којашто го води овој процес ќе успее да доведе до помрднување и подобри состојби од она што го имаме“, истакна Марија Митева, портпарол на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на телевизија 24 во емисијата „Анализа“. Во однос на решавањето на спорот со Бугарија, Митева нагласи дека потребен е дијалог…
Само СДСМ е тој кој ќе може да се спротивстави на ВМРО–ДПМНЕ и никој друг, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбите со граѓани во струмичкиот регион. “Само ние сме организирана структура, која што сега треба да ги научи грешките од лани, за да излезе на терен и да покаже сила, и енергија, и волја, дека сме ние тука и сме подготвени да се бориме” рече Венко Филипче. На средбите со граѓаните Ново Село, Василево и Босилово, Филипче посочи дека во ниту еден сектор нема никакви резултати, што е показател за погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ. “Една работа да…
Над 800 учесници од државата, но и од другите земји од регионот и од Европа ќе присуствуваат на Дигиталниот самит кој ќе се одржи во Скопје на 1 и 2 октомври, во Музејот на современа уметност, а на кој главни теми ќе бидат сајбер-безбедноста и дигиталните услуги, но ќе се говори и за вештачката интелигенција. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во гостување на Македонско радио, истакна дека оваа година самитот е малку реорганизиран, со тоа што ако порано бил само за функционери и членови на владите, сега и граѓаните, бизнис секторот, универзитетите, ќе може да присуствуваат и да ги…
Вчера во 10:30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар и Полициското одделение Галате го привеле Ф.Т.(56) од Гостивар, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418-а став 3 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.
Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишија од слобода Н.Т.(27) од Пробиштип. При сообраќајна контрола со радар на експресен пат Кочани – Штип, констатиртано е дека тој управувал патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки со брзина од 185 километри на час на место каде што дозволената брзина е 110 километри на час.Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Вчера околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера Единицата за насилен криминал- Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по итна постапка поради основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од КЗ против Д.С.(36) од Скопје, затоа што на 23.09.2025 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, физички ја нападнала својата 68-годишна мајка и при тоа и нанела повреда. Веднаш по добиената пријава, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности, Д.С. е лишена од слобода, а од страна на судија на претходна постапка одредена и е мерка притвор во траење од осум дена.
Вчера во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад. На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел…
Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност. „Сакам да ви се заблагодарам за макотрпната работа што ја имате секојдневно и што не ги оставате центарци да живеат во смет. Секој ден ги расчистувате улиците, ги полевате зелените појаси и го разубавувате центарот на градот. Благодарение на вас, целиот смет во Центар е исчистен“ истакна градоначалникот Герасимовски. Тој потсети дека изминативе години соработката со вработените во хигиената била на завидно ниво и изрази уверување дека и во наредниот мандат ќе продолжи со уште подобра динамика.…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари исклучително корисна средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент на којашто се разменија ставови за повеќе актуелни прашања коишто се од заемен интерес. На средбата, Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања Орхан Муртезани го поздравија нагорниот тренд во развојот на билатералните односи и разговараа за областите каде што може да се направи дополнителен исчекор. Во фокусот на разговорот беше потенцијалот за продлабочување на македонското стратешко партнерство со САД. Претседателката нагласи дека охрабрува поддршката од Вашингтон за…
