Close Menu
Press24
    Најново

    Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

    04.08.2026 во 12:01

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34

    Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините

    04.08.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст
    • Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари
    • Ѕвонат телефоните на Итна помош – Граѓани колабираат од жештините
    • Над 30 степени уште во 11 часот – УХМР ги измери температурите претпладнево
    • ЛДП бара семејни центри за врсничко насилство во секоја општина: Подобро да спречиме отколку да „лечиме”
    • Метео аларм од УХМР: Пеколни горештини ја зафаќаат земјава
    • Градинката „Кочо Рацин“ добива нов потпорен ѕид – Стариот заменет по 25 години
    • 5.000 денари за секое првоодделенче во Ресен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром

    Сиљановска-Давкова: Нема полековита доза среќа од љубовта кон лицата со Даунов синдром

    19.03.2026 во 16:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во пресрет на 21 март – Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје.

    Таа го поздрави холистичкиот пристап во работата на здружението во функција на континуирано унапредување на животот на децата, младите и возрасните лица со Даунов синдром.

    Во поддршката на родителите и згрижувачките семејства, за неа е важно институциите да им овозможат на лицата со Даунов синдром, адекватено развивање на животните вештини и способности и активно учество во сите сегменти на општествениот живот, како рамноправни граѓани. 

    Сиљановска-Давкова укажа на потребата од подигнувањето на јавната свест, како и отворање повеќе дневни центри.„Нема полековита доза среќа од разбирањето, прифаќањето и љубовта кон овие лица“ – посочи таа.

    Претседателката на здружението, Сузана Стојановска информираше дека нивниот центар е отворен не само за деца со Даунов синдром, туку и за деца со друга попреченост како оштетен говор, слух и вид.

    За неа, сè уште присутната дискриминација кон нив е голем општествен проблем и предизвик. Недостигот на стручен кадар, како психолози, малиот број волонтери, недоволната грижа за просторот во којшто е сместен центарот и крајно лимитираните можности за вработување на полнолетните лица со Даунов синдром, се сериозни орашања коишто бараат одговор и акција од надлежните институции, смета таа.

    Особена убавина на настанот му даде детскиот музички настап на знаковен јазик, со помош на Соња Кимова, нивен знаковен предавач. Дека талентот не познава бариери, стана јасно по музичката точка на хармоника, изведена од Денис Димитров, во придружба на младите гости од Дневниот центар „Доза Среќа“ Скопје.

    Во знак на благодарност, претседателката од нив доби рачно изработен подарок.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: И во 2022, 2023 и 2024 година, додека СДС беше власт, имало небезбедна вода, а Филипче и СДС не мрднале со прст

    04.08.2026 во 12:01

    Фиктивно книжење и неплатени даноци: Сопственик и фирма направиле штета од 7,2 милиони денари

    04.08.2026 во 11:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.