Author: Author 04

Во СДС ништо не се менува, со години наназад јавноста има можност да ја види насилничката матрица на членови и активисти од редовите на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Позади реториката за европски вредности на СДС и Филипче, се крие вистинското лице на СДС, каде што кандидати за советници тепаат луѓе. Додека Филипче и СДС прокламираат европски вредности на говорница, насилниците блиски до структурите на СДС се закануваат, тепаат и малтретираат граѓани. СДС си го покажа вистинското лице, кандидати за советници од Струмица крвнички тепаат странски државјани. Кандидатите за советници во Советот на општина Струмица, Христијан Ефтимов, кој воедно е и…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден се прегледани над 100 лица на двата пункта во Трубарево, од кои осум се упатени на Клиниката за пулмологија поради хронични заболувања за кои подолго време не направиле контролни прегледи. Како што информира министерот за здравство Азир Алиу, според информациите од тимовите на Клиниката за пулмологија, пациентите кои биле упатени на Клиниката имале симптоми на потешко дишење, сува кашлица, стегање во градите. Во рамки на скринингот се детектирани и пациенти со висок крвен притисок кои биле советувани да се обратат кај својот матичен лекар за натамошни испитувања. -Министерството за здравство во соработка со Клиниката за…

Повеќе

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново што изби вчера попладне иако се уште може да се забележи чадење од неколку места. -По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако се уште може да се забележи чадење од неколку места, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот во депонијата во Арачиново избувна вчера попладне. Според Центарот за управување со кризи, пак, до 7:00 часот утринава на територијата на државава има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, пет се под контрола, а 19…

Повеќе

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. “Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави животот. Брзата пруга колку што е бенефит за Македонија, многу повеќе е од бенефит за Грција, особено што целосно ќе ги отвори пред се солунското и атинското пристаниште кон Централна Европа. Изградба на…

Повеќе

Од денеска стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат казни за користење мобилен телефон и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на тротинети. Казната за премин на пешачки премин со телефон во рака или на уво изнесува 40 евра, а возење тротинет или мотор со користење електронски уред ќе се казнува со 50 евра. Пешаците се должни да се движат внимателно и да не користат уреди што го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека.

Повеќе

Без струја денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе останат корисниците од селата Катланово и Градманци, како и корисниците од викенд населбите Месна Река и Кочкова Населба, а од 9 до 11:30 викендиците лоцирани кон манастирот Свети Илија, како и дел од корисниците од село Бањани во општина Чучер Сандево. Како што соопшти Центарот за управување со кризи на Град Скопје без електрична енергија од 9 до 12 часот ќе останат и дел од корисниците од улиците „Лука Геров“ и „Андон Кецарков“ и од 10 до 14 часот корисниците од ул. Смолјани во општина Ѓорче Петров како, а од 11…

Повеќе

Оваа есен очекуваме едно од најраните менувања на часовникот во последните децении. Зимското сметање на времето започнува ноќта помеѓу саботата и неделата, на 25-ти и 26-ти октомври, кога во 3 часот наутро ќе ги вратиме часовниците за еден час назад – на 2 часа. Она што е посебно за оваа година е што менувањето на часовникот се случува порано отколку во претходните години. Последниот пат кога беше забележан толку ран датум за преминување на зимско сметање на времето беше пред повеќе од една деценија. Иако деновите се уште се топли, есента полека се зазема – ноќите стануваат постудени, а дневните…

Повеќе

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна посета на ОВР Дебар при што го посети и Граничниот премин „Блато“ кој се наоѓа во близината на Дебар, соопшти МВР. Министерот Тошковски со раководството на ОВР Дебар бил информиран дека безбедносната состојба во целиот регион е стабилна со значително подобрени резултати во справувањето со насилниот криминал, имотните деликти и унапредување на сообраќајната безбедност. Како што соопштуваат од МВР, на средбата раководството го информирало министерот дека веќе активно се преземаат оперативни активности во насока на обезбедување мирен, безбеден и демократски изборен процес. -Што се однесува до Граничниот премин „Блато“ евидентиран е…

Повеќе

Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународниот поредок врз визионерски принципи или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се денеска на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. – Пред наши очи започнува нова геополитичка ера. Наместо заедно да одговориме на ургентните предизвици, како што се мирот и безбедноста, климатските промени и уништувањето на животната средина, вештачката интелигенција и растечките нееднаквости, се чини дека одиме кон пост-хобсовска состојба на војна на сите против самите себе. Наместо еден, меѓународен поредок, како да никнуваат паралелни поредоци, секој…

Повеќе