Author: Author 04

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 22 степена. Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето. Од среда кон крајот на денот се очекува нов влажен и постуден бран со пообилни врнежи од дожд. Температурата ќе биде во значително опаѓање.

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против романски државјанин, осомничен дека во Скопје извршил кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничениот 41-годишник делото го извршил на 21 март, во Ѓорче Петров, кога на дрзок начин и со сила одзел златен ланец со крст од еден оштетен, тргајќи му го од вратот. Потоа почнал да претура по полицата од дневната соба, ја отворил фиоката и одзел 2.500 денари. Така осомничениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износ од 11.500 денари, по што веднаш се дал во бегство. Имајќи предвид дека…

Повеќе

Денеска во 02:40 часот во СВР Скопје, Д.Б.(36) од с.Булачани, скопско, пријавила дека на 27.09.2025 околу 23:15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, додека извршувала работни задачи во својство на здравствен работник во комбе од Итна медицинска помош, била физички нападната од 24-годишната И.Д. од Скопје. По целосно документирање на слуачјот ќе следува соодветн поднесок.

Повеќе

Завчера во 19.40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода З.В.(54) од Кавадарци. Тој се сомничи дека од 50 – годишна жена со престој во Струмица барал да му даде пари, во спротивно ќе објавел нејзини видеа со експлицитна содржина. По пријавениот настан и направени консултации со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, жената остварила средба со З.В., на кого му дала пари, кои претходно биле обележани. Веднаш по средбата, З.В. е лишен од слобода и непосредно до него биле пронајдени обележаните парични средства, кои ги фрлил во момент кога му пристапиле полициските службеници.…

Повеќе

Ноќеска во 02.50 часот во близина на автопат А1, кај клучка Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода А.Б.(49) од Кавадарци. Полициските службеници дале знак за запирање на патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, но возачот не застанал и го свртел возилото во спротивен правец, по што бил запрен. Од извршената контрола утврдено е дека тој е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,55 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против А.Б. ќе…

Повеќе

Една третина од граѓаните сметаат дека владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ води подобра економска политика од СДСМ (9,1%), покажуваат резултатите на истражувањето на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн од 9 до 21 септември.На прашањето како би ја оцениле финансиската состојба на вашето домаќинство, една третина, односно 33,8% од испитаниците позитивно ја оцениле финансиската состојба на своето домаќинство, за разлика од 23,5% кои изјавиле дека финансиската состојба на нивното домаќинство е лоша. Најголем дел од испитаниците (39,5%) очекуваат, во наредните 12 месеци, состојбата во земјата да биде непроменета, 31% имаат оптимистички очекувања, додека речиси 25% имаат песимистички очекувања. Една третина од граѓаните…

Повеќе

Вчера во 18:00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишија од слобода Г.Л.(46) и Г.Д.(39), двајцата од Скопје. По претходно добиени сознанија, а врз основа на наредба од Основен суд Велес, извршен е претрес викенд куќа и помошни простории во атар на село Карабуниште, велешко, кои ги користи Г.Л.. При претресот, во близина на викенд куќата се затекнати Г.Л. и Г.Д. како од нива откопуваат стебла од растението канабис, а пронајдени се и повеќе кофи и вреќи со марихуана, машина за обработка на стебла канабис и пиштол. Лицата се задржани…

Повеќе

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија д-р Венко Филипче, по повод Меѓународниот Ден на Бошњаците, упати честитка до бошњачката заедница во државата. Филипче посочи дека бошњачката заедница е составен и важен дел од нашето мултиетничко општество. “Со својата традиција, култура и вредности таа го збогатува и зајакнува заедничкиот живот во Северна Македонија. Како дел од нашето општество, Бошњаците имаат учество во сите важни историски политички случувања за напредок на државата. Да продолжиме да ги унапредуваме правата на сите граѓани, да ги почитуваме нивните традиции, култура и јазик.Негувајќи го соживотот преку почитувањето на етничката, културната и верската различност, ќе создадеме подобра…

Повеќе

Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош ни го доведоа за кандидат човек кој до вчера седеше по кафани, со купена диплома пред една година, и единствено искуство му е чашката, а не проекти и работа, вели Јакимовски. „Граѓаните треба да знаат дека овој нивни „кафанџија-кандидат“ денеска седи во канцеларија и оперира…

Повеќе

Претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, во име на Собранието и во свое лично име, упатува најискрени честитки по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. -Овој датум претставува одлична можност повторно да се истакне значењето на почитувањето на етничката различност и нашата заедничка заложба за еднакво, инклузивно и демократско општество, во кое сите заедници уживаат полни права и слободно придонесуваат во институционалниот, општествениот и културниот живот на државата, се вели во честитката од Гаши. Бошњачката заедница претставува важен и незаменлив дел од мултиетничкиот и мултикултурниот мозаик на нашата држава. -Затоа, на овој значаен ден, изразуваме…

Повеќе