- Арсенал е шампион на Премиер лигата, 22 години по „Непобедливите“
- Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги
- Мицкоски утре на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
- Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е да преговара, опција Б е да се рестартира нападот
- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
Author: Author 04
Ноќеска во 01:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода М.З.(49) од Скопје и М.М.(27) и Д.П.(24), двајцата од Република Србија. Претходно, на клучка Радишани, полициски службеници ги затекнале лицата како од возило комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки во товарно возило „ман“ со приколка со српски национални ознаки префрлаат кутии со цигари. Возилата и цигарите се одземени, а по насока на јавен обвинител лицата се лишени од слобода и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против М.З. ќе биде поднесена пријава за „даночно затајување“ по член 279 од…
Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на земјава. Разговорите беа посветени на актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди. Тој истакна дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата на локалните избори од кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, изјави дека граѓаните веќе ја препознаваат разликата меѓу чесни и професионални луѓе и оние што се грижат само за лични интереси. „Граѓаните веќе еднаш беа излажани, но сега тоа нема да го дозволат. Мартин е еден од фаворитите за победа во Куманово, тоа ни го потврдуваат и последните истражувања. Тој има одличен прием кај граѓаните – градски човек кој може да влезе насекаде, чесен, без дамка во неговата работа. На секоја функција ја вршел својата работа професионално…
Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов. Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија. Потсетуваме дека со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во…
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека во Гази Баба ќе ја изгради клучката во Хиподром, трета лента на булеварот „Александар Македонски”, прва фаза од булеварот „Хрватска” и уште многу други проекти. Ѓорѓиевски нагласи дека со изградбата на клучката Хиподром и третата лента на булеварот „Александар Македонски“, од мостот кај Сингелиќ (Ченто) до мостот во Автокоманда, ќе се овозможи значително зголемување на протокот на возила и нивно насочување кон Гази Баба. -Клучката Хиподром ќе обезбеди директно поврзување со улицата „Пролетна офанзива“, која најмногу ја користат возачите што доаѓаат од Куманово и Велес и на тој…
„На пензионерите сакам да им порачам: вие сте последната група на граѓани којашто оваа власт ја прелажа,“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој потсети дека и пред пензионерите, излажани беа работниците, лекарите и земјоделците: „После работниците на коишто платата им се намалува – просечната плата три месеци по ред се намалува. После лекарите кои не гледаат ниту денар зголемување на платата. После земјоделците на кои им се укинаа субвенциите. После социјалната помош која апсолутно никако не се зголемува – сега и пензионерите сфатија дека се излажани.“ Филипче подвлече дека доколку останеше методологијата воведена од СДСМ, пензионерите денес ќе имаа…
Маж (58) кој беше претепан од тинејџер во Лесковац ноќта помеѓу петокот и саботата, им подлегна на повредите во Универзитетскиот центар Ниш ноќта помеѓу вторникот и средата, два дена по тепачката. Несреќниот маж наводно бил претепан на улица од малолетник (17) кој бил уапсен веднаш по инцидентот, а Полициската управа во Лесковац претходно ја објавила тепачката. Тие во соопштението наведоа дека уапсиле седумнаесетгодишно момче поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело тешка телесна повреда. „Тој е осомничен дека удрил маж (58) во главата ноќта помеѓу петокот и саботата, по кратка расправија на улицата, како резултат на која повредениот…
Земјотрес со јачина од 5,0 степени ја погоди денес западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот на земјотресот, објавија медиумите.Според соопштението на EMSC, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри.
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање недозволена трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациски единици во текот на септември, во повеќе различни случаи, лишиле од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кои поседувале наркотични средства. Како што соопшти МВР, при извршени лични прегледи и прегледи на возила, кај нив биле откриени и запленети поголема количина марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки. -Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин,…
„Скопје е град со душа но таа душа последниве години е напуштена. Сакам да ѝ ја вратиме, културната енергија, урбаниот дух и јавниот простор на граѓаните“, изјави Каја Шукова, кандидат за градоначалник на Скопје, претставувајќи ги проектите од својата програма во делот култура и урбан живот. Шукова најави големи инвестиции во културна инфраструктура, младински простори, туризам, урбана уметност и семејна рекреација. „Плоштадот, Чаршијата, Калето, Водно, Матка тие треба да бидат нашето лице, а не заборавени точки. Ќе ги уредиме, ќе поставиме туристичка сигнализација и дигитални мапи, и ќе понудиме културни рути за граѓаните и туристите“, истакна Шукова. Особено внимание ќе…
