- Руте ја предупреди Алијансата: Русија е главната закана за НАТО
- Лидерите на 14 земји на НАТО повикаа на посилна одбрана од руски напади
- Трамп пристигна во Пекинг
- АХВ: Заловеното животно е волк
- Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани
- Драма на крузер закотвен во Франција – избувна нова епидемија
- Проверките завршија – заловеното животно во Козле е волк
- Обвинителство: Премиерот вчера првпат му се јави на Савевски
Author: Author 04
СВР Охрид го пронајде возилото „бмв“, кое претходно беше украдено во Гостивар, приведен е малолетниот сторител На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Г.И.(66) од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот.Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле на регионалниот пат Охрид-Ресен и веднаш го исклучиле од сообраќај. Со малолетникот е извршен службен разговор во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Охрид, по што тој е спроведен…
Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи. Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги. Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.
Уставниот суд на Република Северна Македонија започнува процес на комплетна дигитализација. Со значајна поддршка во вид на донација од Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Судот добива современи технолошки решенија кои ќе ја зголемат ефикасноста, транспарентноста и отвореноста кон јавноста. Техничкото решение и целосната имплементација на инфраструктурата е на Македонски Телеком. Новите системи овозможуваат: Судот и турската Агенција бележат долгогодишна соработка изразена преку поддршка во техничка опрема за Уставниот суд, како што е донацијата на компјутери и печатачи во февруари минатата година. Проектот за дигитализација во Уставниот суд ќе биде промовиран во понеделник (29.09.2025) во рамки на билатералната средба со…
СДС во паника поради поразот кој ги очекува на претстојните локални избори во Струмица почна да шири насилство и страв, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица па наместо да понудат проекти, план и визија тие се свртеа кон насилство и заплашување. Наместо да се извинат, да се оградат и дистанцираат по скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата само молк. Дали Филипче и СДС ќе се оградат и дистанцираат од насилниците и насилството? Зошто судството се уште не реагира? Дали за СДС…
Нашиот пат кон Брисел наликува на маратон, маратон за кој понекогош мислам дека може да се прашаме „дали го чекаме Годо“. Ние го започнавме нашиот маратон во 2005 година кога ни беше даден кандидатскиот статус. Денес често се користи синтагмата дека Европа е незавршена симфонија без Западниот Балкан, а интересот за регионот порасна пред три години кога, за жал, почна војната во Украина, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова пред студентите на Универзитетот Колумбија во Њујорк каде што одржа предавање во рамки на Светскиот лидерски форум. Како што јави известувачот на МИА, таа пред академската заедница го елаборирше исходот од…
Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери како лице вклучено во криминални активности и корупција. Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои: „Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници“. САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата…
Утрово во 03:45 часот на ул.„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Џ.Х.(50) од Англија, со привремен престој во Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле патничко возило „сеат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршена контрола констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,60 промили алкохол во крвта. Лицето е задржано во полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а…
Православните верници денеска го слават празникот Крстовден. Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. Луѓето родени на овој ден се верува дека на своите јаки рамена ја носат сенката на Светиот крст и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога. Крстовден е голем празник, денот кога беше пронајден и ископан Светиот крст на Голгота и денот кога беше вратен од Персија…
Пожарникарите со навремена интервенција не дозволија да се прошири големиот пожар што синоќа изби во центарот на Неготино, изјави утрово за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Станува збор за пожар што зафати продажен простор што деновиве требаше да почне со работа, а за време на пожарот биле евакуирани и околните жители. – Причините дополнително ќе се истражуваат. Полиција утрово го обезбедува местото, додаде Стојанов.
Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.…
