Author: Author 04

Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии. Наменските садови со капацитет од по пет кубни метри се распоредени на три клучни места:– улица „Загребска“ кај КТК– улица „Борка Талевски“ кај „Вучко“– улица „Антонио Грубишиќ“ кај кружниот тек во Дебар Маало Дополнително, девет помали контејнери за кабаст отпад се поставени на:– улица „Киро Крстевски Платник“– улица „Мирче Ацев“ (Пролет)– улица „Кочо Рацин“ (Зелен пазар)– улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец „Се соочуваме со вонредна…

Повеќе

Аздисаноста на функционерите од ДПМНЕ и членовите на нивните потесни семејства не престанува, напротив од ден на ден е се поизразена, изјави за медиумите, Весна Ристовска, од СДСМ Пробиштип. Синот на Тони Тоневски, е фатен како управува моторно возило марка ауди со 185км/ч, на место каде дозволена  е брзина од 110км/ч, посочи Ристовска. Ристовка нагласи дека сме сведоци на грубо кршење на Законот и покажување сила и моќ од страна на фамилија Тоневски со години наназад. „Тони Тоневски е претседател на локалниот огранок на ДПМНЕ и актуелен кандидат за градоначалник на Пробиштип од редовите на ДПМНЕ, а оваа функција ја има извршувано во два последователни мандати, од 2009…

Повеќе

Трагедијата со убиството на младата Росица во Велес ја потресе целата јавност, но и ја покажа целата неспособност и нефункционалност на институциите раководени од ДПМНЕ, рече на денешната прес конференција Даниела Колева – претседателка на Форум на жени на СДСМ. По бурните реакции во јавноста и барањето одговорност за институционалните пропусти, МВР соопшти дека 11 полициски службеници од СВР Велес добиле дисциплински пријави, истакна Колева. „Не може вината да се сведува само на 11 полицајци. На толку многу пропусти, каде се началниците и командирите, каде се функционерите? Зошто тие се заштитени? Каде е нивната одговорност? Сите што направиле пропусти во случајот на Росица,…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, се осврна и на драматичната состојба со надворешната политика и меѓународниот углед на државата, оценувајќи дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл. „Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано.“ Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Северна Македонија од земја што…

Повеќе

Во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на работниот ручек на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), одржан во рамки на српското претседавање со овој регионален форум. Фокусот на дискусиите беше ставен на стратешката важност на процесот на проширување на Европската Унија, во контекст на актуелните геополитички предизвици и последиците од руската агресија врз Украина. Министерот Муцунски истакна дека ЦЕИ претставува значајна платформа за дијалог, солидарност и партнерство – вредности што се најголема сила на регионот во време на глобални промени. Тој…

Повеќе

Дојдоа избори и на Ахмети постојано му текнува на крв и квази патриотизам онаков од најдолeн Милошевички вид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Како павлов рефлекс пред секои избори Ахмети си бара актуелност и ги потценува Албанците кои заради тајкуните и шеиците кои Ахмети ги создаде на грбот на чесните Албанци, се живее тешко и се повеќе Албанци се иселуваат од земјава. Ахмети е, што би рекле Србите кои му се идоли, една “немирна закачица” и мора да сфати дека внимание не се бара, туку се заслужува. Исто како и достоинството и поддршката. И ова што го правиш не е убаво. Да…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска се обрати на конференцијата организирана од Институтот Прогрес, каде што упати сериозна критика до актуелната влада и ја опиша моменталната состојба како опасна по економската и институционалната стабилност на државата. Во своето излагање, Филипче рече: „Изминатата година и пол држава ја води тотално неспособна и недемократска власт, која што можам слободно да кажам, дека државата ја води кон државен и економски крах.“ – рече Филипче. Тој предупреди на целосен застој во развојот на земјата, постојани скандали и растечки долгови. „Од скандал во скандал, од задолжување во задолжување, никаков прогрес, никаков развој на земјата во…

Повеќе

Се наоѓаме на паркингот во Лептокарија. Како што гледате паркингот е надземен и е истиот паркинг како кога бил направен, рече на денешната прес-конференција Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овде нема голема фонтана, ниту пак фасадите на зградите се сменети, потенцираше Илиевска. „Овде нема ништо од планот на кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски од 4 милиони евра за Лептокарија, кој го вети во 2021 година. Кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Јакимовски во 2021 година лажеше дека овде ќе биде изграден подземен паркинг, и сите возила ќе…

Повеќе

Ноќеска во 02:15 часот на регионален пат во село Доброшане, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.И.(23) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“, кое го управувал, при што му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта. На истиот пат, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода и М.М.(35) од Куманово. Тој бил запрен со патничко моторно возило „пежо” и му биле измерени 2.62 промили алкохол во крвта. Исто така, на 27.09.2025 на улица „Ѓорче Петров” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода…

Повеќе

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари повеќе билатерални средби со своите колеги од Португалија, Либан, Узбекистан и Соломонските Острови, како и со генералниот секретар на ОБСЕ. На средбата со португалскиот министер за надворешни работи, Пауло Ранжел, беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и партнерството во рамки на НАТО. Беше нагласена важноста на европската интеграција и потврдена подготвеноста за продлабочување на политичкиот дијалог, трговијата и економската соработка. Со министрите за надворешни работи на Либан и Соломонските Острови беше поздравено воспоставувањето на дипломатските односи…

Повеќе