- Арсенал е шампион на Премиер лигата, 22 години по „Непобедливите“
- Полицаец и полицајка на Косово се затекнати голи во службен автомобил, ги фатиле колеги
- Мицкоски утре на поставување на камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров
- Џ.Д. Венс: Опција А за Иран е да преговара, опција Б е да се рестартира нападот
- СДСМ: Сиљановска-Давкова користи празна реторика и ја слабее позицијата на Македонија
- Сиљановска-Давкова од Љубљана: Промените на Уставот најчесто беа уставен инженеринг, а не реформи во интерес на граѓаните
- Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба
- Драматичен раст на нападите врз политичари во Германија, АфД и ЦДУ најчести мети
Author: Author 04
СДС и Филипче пак се пазарат со Бугарија, еднаш веќе подметнаа француски предлог, сега повторно се пазарат на штета на македонските интереси. СДС и Филипче повторно виткаат кичма пред Бугарија, и испраќаат сигнали до Софија дека се спремни да направат се, само да дојдат до власт и Филипче да си ја задржи фотелјата на Бихачка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.. „СДС и Филипче овој пат како параван за предавството, ја користат резолуцијата со „црвени линии“ на штета на македонските државни интереси. Резолуцијата со црвени линии на СДС и Филипче не е патриотски чин за Македонија таа е маска позади…
Утрово на Попова Шапка е најстудено, – 4 степени и има најмногу снег, 26 сантиметри. Како што информира УХМР, висината на снежната покривка е 16 сантиметри во Лазарополе, 12 во Маврови Анови, шест во Ѓуриште и три сантиметри во Дебар. До 8:30 часот се иземерени -2 степени во Маврови Анови и Лазарополе, 0 во Крушево, 1 во Тетово, 2 во Крива Паланка, Прилеп, Виница и Штип, 3 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Битола, Претор, Кавадарци, Берово, 4 во Демир Капија и Струмица и 5 Гевгелија. Најмногу врнежи изминатите 24 часа до 8 часот имало во Струмица, 52 литри на…
Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23:20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава…
Продолжува претставувањето на програмите на кандидатите за локалните избори низ државата и денеска, на петтиот ден од кампањата. ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Новаци од 17 часот, Могила од 18:30 и во Битола од 20:30 часот. Караванот на СДСМ и Коалицијата ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а митингот во Охрид ќе почне од 20 часот. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар на коалицијата АКИ, Валбон Лимани ќе ја претстави изборната програма во малата сала на Центарот за култура со почеток во 14:30 часот. Во Гостивар на средби со граѓани ќе бидат и претседателот…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд. На некои од повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната од 4 до 11 степени. Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени. Според УХМР,…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против У.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 10.09.2025 околу 11:30 часот пред Основен суд Кочани, пријавениот упатувал закани на неговите поранешни адвокати, двајцата од Кочани.
Лидерот на Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) Стевче Јакимовски, кандидат за градоначалник на Карпош, изјави дека ќе работи на подобрување на условите и капацитетите во градинките во Влае. -Продолжуваме со подобрување на условите во градинките односно во подобрување на условите во детската заштита. Овде, во Влае, во градинката „Пролет“, ќе направиме четири нови занимални коишто ќе чинат околу 520 илјади евра и со тоа ќе го подигнеме капацитетот, за да можат комотно да бидат сместени нашите најмлади жители, и од Влае 1 и од Влае 2, рече Јакимовски.
Денеска ја исплативме платата од 80.000 денари за нашите пожарникари-спасители. Како што ветив Струмица има највисоко платени пожарникари-спасители во државата, објави денеска градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Тој додаде и дека Струмица има и највисоко платена администрација во Македонија. K-15 е исплатен четири години по ред, што дополнително го мотивираше тимот. Драги мои, вака јас го разбирам социјалдемократскиот аспект во моето општествено делување. Многумина не ми веруваа, многумина посакуваа да не успеам во намерата да ги зголемам платите. Некои ме убедуваа дека не треба да верувам на синдикатот. Но тоа не е мојот начин на делување. Денес моето ветување е…
Имав голема чест и одговорност како Министер за дигитална трансформација да бидам домаќин на Самитот кој ги поставува Македонија и Скопје како центар на дигитализацијата во Западен Балкан, информираше денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „Со одржување на овој Дигитален самит, кој го отвори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оставаме длабок впечаток на развојот на регионот. Нашата цел и заложба е повеќе од јасна, а тоа е Македонија да биде лидер во дигитализацијата, што ќе значи подобар живот за граѓаните. Добро знаеме дека зад секоја нова платформа, зад секој систем за интероперабилност, зад секоја дигитална реформа стојат граѓаните кои очекуваат…
Вчера во 11:00 часот на ул. „Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Т.С.(36) од Полска, затоа што кај него пронашле и одзеле дрога. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по чл.215 од КЗ, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, информираат од МВР.
