Author: Author 04

Драмата на Монт Еверест продолжува.Повеќе од 200 алпинисти се уште се заробени на Монт Еверест откако жестока снежна бура ги погоди камповите – додека спасувачите брзаат да ги спасат преостанатите алпинисти. Планинарите раскажаа за своите ужасни искуства додека се соочуваа со опасноста да бидат затрупани од брзо растечките снежни наноси, на надморска височина од околу 4.800 метри надморска височина. Растеат стравувањата дека 200-те алпинисти би можеле да останат заробени уште неколку часа, додека властите се тркаат со времето за да стигнат до нив. Стотици локални жители и спасувачи сега се зафатени со расчистување на огромните количини снег што ги остави…

Повеќе

Стојам денес пред вас со една единствена, но силна порака. Време е Кочани да се разбуди. Доста беа празни ветувања, доста беа милиони суми. Доста беше застој и разочарување, време е да веруваме во сопствените сили, во нашиот народ, во нашите луѓе. Кочани има големо срце, има вредни луѓе, има млади што сонуваат и сакаат да останат овде, посочи Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. -Има земјоделци што работат и се што се борат. Има семејства што го заслужуваат најдоброто. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација. Јас не влегувам во трка за политика, туку…

Повеќе

Директор на училиште сексуално вознемирувал малолетна ученичка: Се соочува со затворска казнаОбвинет е за сериозен облик на развратно дело Се соочува со затворска казна Директорот на средно училиште во источна Славонија е уапсен за сексуално вознемирување на малолетничка. Според Индекс, директорот се допишувал со малолетно девојче, а истражителите утврдиле дека тој ја „допрел“ и се обидел да ја бакне. Случајот е пријавен во полиција, а директорот е уапсен. Му е одредена мерка притвор поради ризик од повторување на делото. Обвинет е за сериозен облик на развратно дело, за што законот предвидува казна од шест месеци до пет години затвор

Повеќе

Инцидент во болницата во Котор – нападнат дежурен хирург, напаѓачот го заробил и инфектологот, го држел заклучен во собаИнфектологот Александар Зекиќ бил заробен во соба од непознато лице. Мотивите на сторителот на инцидентот сè уште не се познати. Дежурниот хирург во болницата во Котор бил повреден утрово, а инфектологот бил заробен во соба од маж чиј идентитет и мотиви за овој инцидент не се познати. Подгорица Вијести објави дека инфектологот Александар Зекиќ објавил на својот Фејсбук профил дека наместо да се фокусираат на помагање и грижа за пациентите, морале да најдат начин да избегаат живи. Тој изјавил дека системот мора…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери. Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање. Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото,…

Повеќе

Вчера во 14:30 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(27) од Тетово затоа што им се заканувал со пиштол и нож додека извршувале службени дејствија. Од него се одземени пиштол „валтер“ со една рамка и 6 куршуми и нож. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во рамки на 140- седница донесе одлука за одобрување акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори закажани за 19 октомври. За Амбасадата на Кралството на Холандија беа одобрени 10 набљудувачи, за Здружението Планинарски спортски клуб „Кап-Струга“ од Струга – девет члена, за Националниот совет за родова рамноправност – осум члена, за Институтот за соработка и развој-Франција – еден набљудувач, за Меѓународната фондација за изборни системи Вашингтон-САД подружница во Северна Македонија – седум члена и за набљудувачката мисија на ОДИХР-Канцеларија за демократски институции и човекови права – седум лица. -Врз ова овластување…

Повеќе

Медиумски магнат пронајден мртов под прозорецот на својот стан: Ги знаел сите ТАЈНИ на КРЕМЛИНСКОТО БОГАТСТВОЗасега нема официјални информации дали станува збор за несреќа, самоубиство или убиство. Според британскиот „Метро“, Леонтјев паднал од висина од околу 21 метар во саботата навечер. Леонтјев некогаш бил директор на советскиот весник „Правда“, клучниот гласноговорник на тогашната владејачка Комунистичка партија. Тој останал на оваа позиција долго по распадот на СССР во 1991 година. Се сметал за личност која била добро запознаена со тајното богатство на Кремљ. Интересно е што ова е најновиот случај во низата смртни случаи на бизнисмени во Русија, но и дека…

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, К.С.(38) од село Стајковци, скопско, пријави дека на 04.10.2025 околу 01:00 часот на подрачјето на Центар, додека управувал патничко возило бил попречуван во возењето од друго возило, по што едно лице излегло од возилото и физички го нападнало, стои во денешниот полициски билтен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против М.Ч.(58), Ш.Ч.(22), О.Ч.(23) и Б.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“. На 06.08.2025 во Скопје, пријавените влегле во дворот на Д.Е.(58), каде биле и неговите синови О.Е.(26) и М.Е.(18) од Скопје, физички ги нападнале, при што првопријавениот од пиштол испукал неколку куршуми кон О.Е. и му нанел тешки телесни повреди, соопштија од полицијата. 

Повеќе