Author: Author 04

Во Апелациониот суд во Тирана денеска се случи трагичен инцидент кога судијата Астрит Калаја беше смртно застрелан додека ја извршуваше својата работа. Тој беше пренесен во клиниката за трауматологија во Тирана, но кратко потоа подлегна на повредите. Напаѓачот, Ѓан Шкемби, испукал три куршуми во судијата веднаш штом почнал да ја чита одлуката во својот случај. Во инцидентот биле ранети и две други лица, татко и син, кои се надвор од животна опасност. Судијата Калаја водел спор за сопственост на поранешна училишна зграда во Скадар, каде што живееле 31 семејство. Семејствата тужеле дека Шкемби со фалсификувани документи станал сопственик и ги…

Повеќе

Зимата што претстои, според сите извештаи, ќе биде „како старата“, изјави службата за следење на времето „Severe Weather Europe“. Како што објаснуваат експертите од таа служба, ваквите прогнози се однесуваат на делови од САД, Канада, но и на Европа. Имено, како што е дополнително наведено, три фактори моментално покажуваат сличности со неколку силни и студени зими. „Severe Weather“ ја анализираше состојбата на глобалниот временски систем и пронајде неколку години во изминатите децении со слични услови. Потоа нивните експерти ги разгледаа податоците за тоа како поминале зимите во тие години за да ги користат добиените информации како насоки. Студената фаза на…

Повеќе

Пред да дозволуваат реакции и соопштенија од СДС и да кажувате глупости во јавноста, да ве потсетиме на овие моменти. Не е поентата дали министер е на партиски настан, туку дали истиот ја злоуоптребува позицијата. Вие тргнувате од себе и мислите дека сите така прават. Грешите. А и знаеме зошто го таргетирате Панче Тошковски, да не е случајно заради некои муабети дека почнати се сериозни истраги против криминалци поврзани со политичари кои се одзиваат на имиња што ви се познати и ги слушате често?, се вели во сооштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Од тоа е стравот. Бидете реални. И да бидеме и…

Повеќе

30 летови откажани поради видување балон, што влијаеше на 6.000 патници Десетици балони што носеа илјадници пакувања цигари влегоа во литванскиот воздушен простор, принудувајќи ги властите да го затворат аеродромот Вилнус неколку часа во недела. Националниот центар за управување со вонредни состојби (NCMC) соопшти дека се откриени 25 метеоролошки балони што влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, од кои два се наоѓаат директно над аеродромот, според BBC. Најмалку 11 од балоните носеле 18.000 пакувања цигари наменети за црниот пазар, соопшти царинската гранична служба на Литванија. Портпаролот на NCMC изјави дека балоните што носат шверцувана стока, цигари од Белорусија, не се…

Повеќе

– Високо ниво на пестицидот метомил, кој е штетен за луѓето, е пронајдено во црвени пиперки произведени во Северна Македонија, објави Европскиот систем за безбедност на храната (Систем за брзо предупредување за храна и добиточна храна – RASFF). Како што е наведено во соопштението за медиумите на таа европска организација, во пиперките увезени во Хрватска од Северна Македонија, по официјалната контрола на пазарот, гореспоменатата штетна супстанца е пронајдена на ниво од 0,049 милиграми метомил на килограм. Дозволената содржина е 0,01 милиграми метомил на килограм, па бидејќи количината пронајдена во споменатите производи била пет пати поголема од таа, наредено е повлекување…

Повеќе

Приватните автобуски превозници во Скопје од утре ќе сообраќаат по редовен возен ред. ЈСП попладнево уплатила по 6 милиони денари на трите компании, потврди за МИА сопственикот на Јофи Бус, Јовица Зафировски. – Денеска во 16 часот добивме информација дека ни се уплатени по 6 милиони денари по пакет и после кординацијата со превозниците утре се враќаме да возиме по зададен возен ред. Сумата не е многу голема меѓутоа ние кажавме да ни се уплати одредена сума за да можеме да продолжиме. Тоа задоволува за наредниве две недели да возиме редовно и се надеваме дека во тој период ќе имаме…

Повеќе

Сашко Велјановски, кандидат за градоначалник за општина „Долнени“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и потенцираше дека општина Долнени изминативе години со претходната власт како резултат на нивната неспособност, претрпела економска, духовна и морална криза. „Сосема е јасно дека нашата општина во изминатиов мандат претрпи економска, духовна и морална криза. Тие кризи се настанати, заради нашиот колективен неуспех да се ослободиме од хипокризијата и неспособноста на претходното општинско водство. Заради тоа развојот на општина Долнени е во статус кво и…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска им додели сертификати на наставниците, стручните соработници и директорите кои ја завршија обуката „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“. „Наставниците се луѓето што секој ден го обликуваат нашето општество, со трпение, љубов и голема посветеност. Тие не ги учат младите само да читаат и пишуваат, туку и да бидат чесни, добри и одговорни луѓе. Во време кога младите се соочуваат со многу предизвици, наставникот е тој што знае да ги насочи, да ги мотивира и да им покаже што значи вистинска вредност и морал.…

Повеќе

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше дека на овие избори има две коалиции, едната на непринципиелни основи СДС-ДУИ- Левица и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се борат за подобра иднина на граѓаните, трета опција нема. „На овие избори имаме две опции, две понуди едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за…

Повеќе

Нафтата денеска се тргуваше за над 65 долари за барел откако големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината. На Лондонската берза денеска барел нафта се тргуваше за 79 центи повеќе од вчерашните 65,32 долари. Додека на Американската берза, цената на нафтата се зголеми за 69 центи и барел нафта се тргуваше за 61,57 долари. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници одлучија во ноември да пласираат на пазарот дополнителни 137.000 барели нафта дневно.

Повеќе