Author: Author 04

Овие четири години за Скопје се изгубени, сега на градот му треба силна трансформација и ние како Влада и Министерство за транспорт ќе дадеме силна поддршка во реализација на капиталните проекти за Скопје, градскиот воз, новите еколошки автобуси и инфраструктура, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. ,,На Скопје му треба силна трансформација, новиот градоначалник ќе има силен партнер во мене, во премиерот Мицкоски, во Владата и во Минстерството за транспорт. Сакам да најавам за градскиот воз, тоа е нешто што го ветивме и ќе го реализираме. Во однос на првата делница, избран е изведувач и потпишан е договор за делницата…

Повеќе

Вчера во 12:51 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријавила дека во 10:00 часот во стан на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер З.Н.(38). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид. Имено на 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.

Повеќе

Граѓаните сфатија дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со лажна кампања и празни ветувања, ниту платите се покачија, ниту животот им е подобрен, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. „Граѓаните сфаќаат дека ВМРО ДПМНЕ дојдоа на власт со лага и празни ветувања. Имаме катастрофална состојба во економијата. Имаме трет месец поред намалување на платите во државата. Ова не се случило во времето на владеење на СДСМ“, рече Филипче. Како што кажа Филипче, Владата на ВМРО-ДПМНЕ иако има механизми не искористи ниту еден за да се стави под контрола покачувањето на цените,…

Повеќе

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава. -Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за…

Повеќе

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, Д.Т.(19) од Скопје пријавила дека околу 20:40 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Јавно ги прашувам ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо, ниту една реформа, ВМРО-ДПМНЕ веќе е очајно кога зборува за судството“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче. „Година и пол наназад поставуваат свои судии, свои обвинители и само го партизираат судството. Нема ништо суштински од спроведувањето на реформите. Јас бев тој којшто понудив рака бев состанок кај примерот да направиме заеднички работни групи да се спроведе реформската агенда досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството“, рече Филипче. Во изјавата…

Повеќе

Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Центар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето им се јавило, се претставило како полициски инспектор и ги известило дека нивната внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила малолетник кој починал и доколку не сака таа кривично да одговара ќе треба да ги дадат парите. Како што е пријавено, ги однеле парите на договореното место, а откако се вратиле со домот телефонски стапиле во контакт со нивната внука и сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за…

Повеќе

Денеска во 00:50 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Ш.Б.(52) од Скопје затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, на совозачкото седиште е пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува пријава по член 144 од Кривичниот законик.

Повеќе

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа настан по повод промовирање на петгодишната програма 2026–2030 на УНФПА за државата насловен- Демографски трендови – заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал преку петгодишната програма на Владата и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). Настанот го отвори Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој истакна дека програмата не е само документ или формалност, туку е план за дејствување – визија и стратегија која ќе се реализира со конкретни активности, насочени кон иднината на нашата држава и нашите граѓани. „Кога зборуваме за ресурси, често споменуваме рудни богатства, финансии, инфраструктура,…

Повеќе