Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    10.11.2026 во 20:22

    Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош

    10.11.2026 во 20:05

    Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ

    10.11.2026 во 19:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи
    • Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош
    • Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ
    • Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
    • Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
    • Која е Кристи Меккормик – предлогот на Трамп за нова амбасадорка во Македонија
    • Над 90 уапсени во Србија од предвремените парламентарни избори досега
    • Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    ВМРО-ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    10.11.2026 во 20:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

    Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче е се поочигледни и истите не може да ги скрие, реагираат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ по вечерашното гостување на претседателот на СДСМ, Венко Филипче во „Тема на денот“ на Сител.

    Според партијата, Филипче не сакал да се најде решение за случајот со Алта банка.

    -Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки. Парите на граѓаните, штедачите, доверителите се безбедни и многу скоро ќе врати и нејзиното нормално функционирање. Токму тоа му смета на Филипче и СДС и затоа прават се, со лаги и манипулации креираат хистерија со цел да наштетат на процесот и да ја намалат вредноста на банката, се вели во реакцијата.

    Според партијата, ова било класична саботажа со цел да се наштети на државата, правното лице и на граѓаните.

    -СДС и Филипче се навикнати банки да бакротираат, системот да се стабилизира, граѓаните да останат без своите пари, а за сметка на тоа сопственици на фирми блиски до Заеви, да ќарат милиони. Како што е случајот со Еуростандард банка, од која фирми во сопственост на братот на Заев и негови бизнис партнери како „Сара инженеринг“, „Глобал медија груп“, „Тритерол“, освен што зедоа милионски кредити без покритие, истите и не ги ни враќале. Ама затоа пак, со банкротот на банката, без своите со мака заработени пари останаа штедачите и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата, Филипче требало да одговори за спорните траснфери на пари од Венецуела во време на Владата со која раководеше поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев.

    -Од друга страна, кога Венко Филипче зборува за некаква одговорност, освен за пропаста на Еуростандард банка, редно е заедно со неговиот ментор, Зоран Заев јавно да проговорат и да сносат одговорност за сомнителните трансфери на стотиците милиони евра од Венецуела која тогаш била под санкции и пари во други земји и биле замрзнати. Дали заедно со Заев премиер, а Венко министер во 2019 година знаеле и стојат зад овие трансфери со кои во Македонија се „переле“ сомнителни, односно криминални пари? Тоа е она што СДС и Филипче треба да се фокусира и да дадат одговори на македонската јавност, а не да прават се за да го саботираат процесот кој има за цел да ги заштити интересите на сите засегнати страни, а првенствено на македонските граѓани.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

    10.11.2026 во 18:52

    Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија

    10.11.2026 во 16:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.