Повеќе од 20.000 кориснички сметки кои се поврзуваат со педофилија и над 1.000 експлицитни видеа со содржина за сексуална злоупотреба на деца беа откриени на социјалната мрежа ТикТок за време на 35-дневно истражување.Скандалозните материјали забележале над 48 милиони прегледи, што предизвика жешка реакција кај властите и барање за итна истрага од шпанското Министерство за млади и деца, од каде што предупредија дека платформата може да се соочи со привремена забрана за користење.
Истражувањето го спроведе организацијата Maldita.es во периодот од 11 септември до 15 октомври, при што од вкупниот број откриени сметки, повеќе од 7.000 биле на шпански јазик.
Ова е трет ваков извештај на организацијата под наслов „ТикТок: Дом на педофили“, каде истражувачите преку детални анализи на коментари, профили и преноси во живо, како и преку отворање сопствени сметки, тестирале како алгоритмот на ТикТок ги третира овие содржини.
Осврнувајќи се на застрашувачките цифри од истражувачкиот извештај, од организацијата ги истакнуваат конкретните податоци:
Истражувачите пронашле 231 профил на кои биле објавени вкупно 1183 експлицитни содржини поврзани со сексуална злоупотреба на деца. Тие, исто така, открија 780 сметки што се користат за привлекување купувачи на таков материјал и повеќе од 10.000 профили што бараат размена на сексуални фотографии во коментарите.
Со собирање на сите анализирани категории во склоп на проектот, истражувачите документирале вкупно околу 26.000 профили поврзани со потенцијални педофили. Меѓу најсериозните наоди се и снимените преноси во живо каде гледачите барале одредени дејствија од малолетници во замена за парични надоместоци.
За ширењето на преносите во живо и географската распространетост на злоупотребите, во соопштението се додава:
Кога ќе се соберат сите категории вклучени во истражувањето, организацијата наведува дека пронашла околу 26.000 извештаи за потенцијални педофили. Тие, исто така, документирале 91 пренос во живо во кои учествувале деца од 17 земји. За време на тие преноси, гледачите ги замолувале децата да прават одредени работи, понекогаш од сексуална природа, во замена за пари. Најчесто се појавувале преноси од Шпанија, Тајланд, Виетнам, Мјанмар и Русија.

