Close Menu
Press24
    Најново

    Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година

    10.11.2026 во 15:51

    Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката на Бугарија по трагедијата на автопатот „Тракија“

    10.11.2026 во 15:47

    Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра

    10.11.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката на Бугарија по трагедијата на автопатот „Тракија“
    • Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра
    • Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија
    • Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит
    • Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци
    • Од 2027 година нема телефони ниту во ранците: Построги мерки за учениците во Англија
    • Бројката на загинати се искачи на 12, прогласена вонредна состојба во три општини во Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година

    Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година

    10.11.2026 во 15:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Со Дополнетиот Ребаланс на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година. Истовремено на исто ниво е направена надолна корекција на расходната страна, односно вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во Буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари.

    Дополнетиот предлог ребаланс пред пратениците го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која истакна дека приоритет на Владата е да ја зачува економската стабилност и да одговори на предизвиците поради продолжените глобални геополитички случувања. Оттука измените и дополнувањата на Буџетот се во насока на обезбедување стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството.

    „Државната каса до крајот на годината е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски – плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат. Тоа е суштината на одговорното управување со јавните финансии – да се реагира навреме кога околностите го бараат тоа, да се заштитат граѓаните и економијата и, пред сè, да се гарантира дека државата ги исполнува своите обврски“, рече министерката.

    На расходната страна надолната проекција се должи на намалување на расходите за  стоки и услуги и субвенциите, а во насока на  дисциплинирано трошење и обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и здравствени услуги.

    Со ребалансот се обезбедени дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоц, и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита. За Министерството за социјална политика, демографија и млади се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди денари за ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. Исто така дополнителни 600 милиони денари за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци.

    Капиталните расходи се проектирни на 40,1 милијарда денари со кои се продолжува со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Исто така продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво.

    Прочитај повеќе

    Проверувајте ги сметките: Ќе легнат пари од „Мој ДДВ”

    10.11.2026 во 10:56

    Одлична вест за возачите – Горивата драстично поевтини

    10.11.2026 во 08:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.