Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“, во која според последните информации загинаа 11 лица, а 48 се повредени.
Поводот за испраќањето на пораката, претседателката го објави на социјалната мрежа „Х“:
„Длабоко ме потресе веста за трагичниот верижен судир во близина на Зимница, на бугарскиот автопат „Тракија“, во кој животот го загубија повеќе од десет лица, а најмалку 48 се повредени“
Сиљановска-Давкова упати сочувство до претседателката Јотова, семејствата на загинатите и до граѓаните на Бугарија:
„Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. На повредените им посакувам сила и целосно и брзо закрепнување“
Поради тешката сообраќајна трагедија на автопатот „Тракија“ кај патниот јазол „Зимница“, во која во густа магла учествуваа вкупно 86 возила, Министерскиот совет на Бугарија за утре (11 ноември) прогласи ден на жалост.

