Close Menu
Press24
    Најново

    Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра

    10.11.2026 во 15:25

    Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија

    10.11.2026 во 15:16

    Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит

    10.11.2026 во 15:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра
    • Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија
    • Владата ја усвои потребата од итно мислење на Венецијанската комисија за предложениот модел за правосудниот испит
    • Осум дена притвор за 34-годишник поради обид за обљуба во Богданци
    • Од 2027 година нема телефони ниту во ранците: Построги мерки за учениците во Англија
    • Бројката на загинати се искачи на 12, прогласена вонредна состојба во три општини во Бугарија
    • Народната банка ги олеснува условите за клиентите на „АЛТА банка“: Овозможено електронско банкарство, од утре се отвора и експозитурата во Скопје
    • Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра

    Битиќи: Секој граѓанин денес должи 6.000 евра

    10.11.2026 во 15:254 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на собраниската седница обвини дека вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година е директен доказ за погрешното планирање и неспособноста на власта да управува со јавните финансии.

    Битиќи потенцираше дека за само девет месеци Владата понудила три различни буџетски конструкции, со едно исто раководство, додека граѓаните се соочуваат со раст на јавниот долг, повисоки цени и намален животен стандард.

    „Во јули 2024 година секој еден граѓанин во нашата држава по основ на јавниот долг должел 4.674 евра. Повторувам, секој еден граѓанин, и детето кое се родило во јули должело 4.674 евра. Денес, секое едно дете, секој еден граѓанин должи 6.000 евра. Успеавте во неполни две и пол години јавниот долг по жител да го зголемите за 1.400 евра“, истакна Битиќи.

    Тој предупреди дека овие бројки не ги опфаќаат сите доспеани, а неподмирени обврски, ниту проблемот со навременото враќање на ДДВ, за кој, како што посочи, укажува и Европската комисија, нотирајќи системски проблеми во исплатата.

    Битиќи посочи и дека во периодот на владеење на ВМРО цените на мало се зголемени за повеќе од 22 проценти, додека инфлацијата продолжува да го намалува животниот стандард на граѓаните.

    „Цените во малопродажба ги зголемивте за повеќе од 22 проценти. Инфлацијата не ја зауздување од месец во месец. Па некогаш школски се обидовте да направите манипулација, мерите месец со месец, па велите во септември инфлацијата е 0,2 проценти во споредба со август. Но, месечната инфлација во септември е 3,3 проценти. Што и да направите, инфлацијата е 3,6 проценти“, рече Битиќи.

    Тој предупреди и на ризикот од нова енергетска криза, прашувајќи како Владата ќе се справи со посериозни енергетски шокови, кога и помалите нарушувања на пазарот на нафта предизвикаа вакви последици.

    „Вие со малку трзавици за нафтата имавте вакви резултати. Замислете што ќе се случи со поголеми проблеми и шокови во електричната енергија. Како што велите и знаете – Господ нека ни е на помош“, предупреди Битиќи.

    Осврнувајќи се на буџетските проекции, Битиќи потенцираше дека за само девет месеци Владата направила три различни буџетски конструкции, што ја покажува нестабилноста во планирањето на јавните финансии.

    „Единствената стабилна работа во економската политика на оваа Влада е нестабилноста на нејзините буџетски планови и манипулирањето со бројките. Во декември 2025 година оваа Влада предложи буџет со приходи од 374 милијарди и 935 милиони денари, расходи од 414 милијарди и 174 милиони денари и дефицит од 39 милијарди и 239 милиони денари. Само седум месеци подоцна побара зголемување на расходите и зголемување на дефицитот на 46 милијарди и 264 милиони денари, односно 4,1 процент од БДП. Како се случи дефицитот само за две недели да се намали од 4,1 на 3,9 проценти од БДП, со вештачко ревидирање на растот во 2024 година? Ова е класична школска манипулација. Единствено што се менува се бројките на хартија, а економската реалност останува иста“, истакна Битиќи.

    Битиќи посочи дека Владата во јули го оправдувала зголемувањето на дефицитот со потребата од дополнителни средства за капитални инвестиции, а сега токму капиталните расходи ги намалува од 45,9 на околу 40 милијарди денари.

    „Капиталните расходи се намалуваат од 45,9 на 40 милијарди денари, односно за речиси 5,8 милијарди денари или 12,5 проценти. Реализацијата на 6 ноември изнесуваше само 58 проценти. Во јули се задолжувате повеќе за наводно инвестирање, а сега инвестициите се намалуваат, задолжувањето останува, а Владата продолжува да зборува за развој. Кога зборувате за ребаланс, за пренамена, за буџет, не спомнувајте автопатски делници што ги спроведува Јавното претпријатие за државни патишта. Тие не се дел од овој Буџет. Во Буџетот нема пари за Коридорот 8, 10д и Кичево – Охрид. Има во ЈПДП, тоа е надвор од буџетските институции. Кога ќе ги додадеме средствата од јавното претпријатие во јавниот долг, ќе видите каква е реалноста“, нагласи Битиќи.

    Прочитај повеќе

    Лукаревска за ребалансот: Развојниот буџет што се претставуваше летото стана само едно мртво слово на хартија

    10.11.2026 во 15:16

    Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка Маја Сивањанам

    10.11.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.